Теренот на „Тодор Проески“ ќе добие конечно европски лик – ФФМ стартуваше со активности за комплетна промена на тревникот

October 3, 2023
1 min read

Теренот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе добие нова трева. Теренот на нашиот најголем стадион неколку месеци беше во катастрофална состојба, а во прашање беа доведени и понатамошните настапи на македонската репрезентација на овој терен.

-Почнуваме активности во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините пропратни елементи . АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката во соработка со Фудбалската федерација на Македонија почнува процес на целосно менување на тревната површина коешто последен пат е изведено во 2012 година. Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред натпреварот со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова ,најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции, соопштија денес од АДИССДП.

Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакната кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран.

Се очекува новите услови на Националната арена да ќе ги подобрат условите за работа на македонските репрезентации и клубовите кои ќе играат на овој стадион.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Многу осудени лица, малку простор во затворите – со 24 милиони евра ќе се гради нов објект во Идризово

Следно

Полицискиот хеликоптер исфрли над 40 тони вода, локализиран пожарот во Општина Зелениково

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop