„Tензиите меѓу Индија и Пакистан не ги засегаат САД“, изјави Венс, потпретседателот на САД

May 9, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, изјави дека зголемените тензии меѓу Индија и Пакистан „не ја засегаат“ неговата земја и дека САД нема да се мешаат во ситуацијата, известува Анадолу.

Венс во интервјуто за телевизискиот канал Фокс њуз зборуваше во врска со зголемената тензија меѓу Индија и Пакистан.

Тој рече дека сакаат тензиите што побрзо да се смират, но нагласи дека „нема да можат да ги контролираат тие земји“. Венс истакна дека настанатата ситуацијата „не ги засега САД“ и додаде дека немаат намера да се мешаат во настанатата ситуација.

Венс рече дека САД нема да ги принудат двете страни да го положат оружјето, но истакна дека се загрижени од настанатите тензии и ситуацијата ќе ја следат преку дипломатски канали.

Тој изрази надеж дека тензиите меѓу двете земји нема да ескалираат во поширока регионална војна или нуклеарен конфликт.

– Нападот на Индија врз Пакистан

На 6 мај Индија изврши ракетни напади врз територијата на Пакистан и врз делот на Азад Кашмир, кој е под контрола на Пакистан, како одмазда за терористичкиот напад во регионот Пахалгам на 22 април, во кој загинаа 26 лица, за кој Индија смета дека е одговорен Пакистан.

Индиската армија соопшти дека успешно погодила девет цели што ги сметала за „терористички структури“, а пакистанската Влада извести дека во нападите биле погодени шест цивилни објекти, во кои загинале 31 лице, а 57 биле повредени.

Пакистанската армија соопшти дека за време на нападите соборила пет индиски борбени авиони, но индиската страна не го потврди тоа.

На 8 мај пакистанската армија објави дека неутрализирала 25 индиски беспилотни летала „Хароп“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

Следно

Челзи најтрофеен меѓу шесте финалисти во европските купови

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот
Go toTop