Тендерот за катни гаражи на Клинички центар пред да се потпише треба да помине на Влада, вели Таравари

March 10, 2025
1 min read

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот со изведувачот, оти треба прво да помине на Влада, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

-Тендерот ги помина сите постапки како што треба. Значи нема нешто што е нерегуларно. Јас не знам зошто толку паника. Ние уште не сме го потпишале, треба да помине на Влада, па во Влада треба да се видат одредени филтри за сите потребни документи. Дека треба паркинг на Клинички центар тоа никој не го спори, што побргу да има толку подобро. Меѓутоа мене многу ми значи гласот на јавноста. Иако некои викаат дека ценатата од 50 денари (за час) била многу, јас мислам дека во повеќето градови 50 денари е паркинг, каде било. Ако го оставиме со многу ниска цена и тоа не е добро. Сега ни се случува, повеќе луѓе да се паркираат во Болница и да излезат приватно низ градот да се прошетаат, бидејќи е најевтиното паркинг место, изјави Таравари на новинарско прашање за паркингот за Клинички центар и дали ќе го поништи тендерот и кога ќе се реши хаосот со паркирањето по денешната посета на Општата болница во Велес.

Тој смета дека треба да се има предвид и дека ако се поништи тендерот тоа значи дека за нова тендерска постапка ќе помине уште барем една година.

-Дека на Клинички му требаат нови катни гаражи тоа е неспорно, оти луѓето доаѓаат и трошат од 30 до 60 минути додека најдат паркин место. Катни гаражи во Клинички е нешто што сме го ветиле како Влада, ако некому му пречи името на компанијата, мислам дека не е во ред. Меѓутоа повторно, многу ми значи гласот на јавноста и потоа ќе видиме, ќе процениме како Влада, па и како Министерство дали да продолжиме да го тераме процесот или да се вратиме од почеток и уште еднаш да објавиме тендер за катни гаражи во Клинички центар. Но треба да имаме предвид дека тоа ќе трае уште една година, односно од шест месеци до една година бидејќи е меѓународен тендер, а повеќе луѓе ми се жалат дека навистина многу им значи да имаме што повеќе нови паркинг места на Клинички центар, рече Таравари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вреди: ДУИ и натаму мисли само на сопствените интереси

Следно

Градските инспектори фатија камиони како нелегално истураат отпад во Драчево

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop