Тен Хаг постави анти-рекорд на сите времиња

September 2, 2024
1 min read

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја започнаа сезоната катастрофално, но нивниот менаџер Ерик тен Хаг не е вознемирен.

По неделниот пораз на „Олд Трафорд“ од Ливерпул, втор во првите три кола од Премиер лигата, Холанѓанецот изјави дека „црвените ѓаволи“ повторно ќе освојуваат трофеи и уште повеќе ги збесна навивачите на англискиот великан кои веќе бараат негова оставка.

По почетниот триумф против Фулам (1:0), Јунајтед во претходното коло загуби од Брајтон (2:1) и го повтори неславниот старт на шампионатот од сезоната 2023-24. Така, Тен Хаг стана првиот клупски тренер во историјата кој бил двапати поразен во воведните три натпревари од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ загубија од Брајтон и Брентфорд минатата сезона.

По репрезентативната пауза, Манчестер Јунајтед гостува кај Саутемптон, повратникот во елитното друштво, кој заедно со Евертон е единствениот кој се уште нема освоено бодови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот министер за одбрана Остин разговараше со израелскиот колега Галант

Следно

За две именувања на претседателката Сиљановска Давкова отворени се предмети во ДКСК

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни
Go toTop