Тен Хаг им се заблагодари на навивачите: Ќе дадеме се од себе за да го освоиме ФА Купот

May 16, 2024
1 min read

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг изјави дека неговите играчи ќе дадат се од себе за да го освојат англискиот ФА Куп, пренесуваат британските медиуми.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ го победија Њукасл со 3:2 во меч од 34. коло на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ во моментов се на осмото место на табелата со 57 бодови. Тен Хаг им се обрати на навивачите на Манчестер Јунајтед по натпреварот со Њукасл.

-Сакам да ви се заблагодарам за поддршката во текот на целата сезона. Оваа сезона не беше лесна. Една работа е константна, а тоа е вашата поддршка. Ова сè уште не е завршено. Одиме во Брајтон, а потоа на „Вембли“. Ветувам дека овие фудбалерите ќе дадат се од себе за да го донесат трофејот на „Олд Трафорд“, изјави Тен Хаг.

Финалето на ФА Купот е закажано за 25 мај на „Вембли“, а ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Продолжуваат и разговорите со идните потенцијални партнери како коалицијата Вреди

Следно

Косовската претседателка не е консултирана и не се согласува со писмото на Владата до СЕ во врска со ЗСО

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop