Тема на тв 24: Исчезнале како деца и малолетни лица, а по нив се трага и сега

May 29, 2025
1 min read

Кога исчезнале биле деца – денес се возрасни, но ниту трага а ниту глас од нивното исчезнување до денес. Македонската статистика е аларамнтна ако се има во предвид фактот дека и едно исчезнато дете е премногу, како за општеството така и за семејството.

Заклучно со 26.05.2025 МВР има распишано централни објави по исчезнати лица, кои во моментот на исчезнување биле малолетни и тоа:

 *за 10 деца до 14 годишна возраст

 *за 6 малолетни лица од 14 до 18 годишна возраст.

Пријавени за исчезнати се девет малолетни лица кои се сместени во прифатен центар во Визбегово, (за лица баратели на азил во РСМ) и едно исчезнато малолетно лице во прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија.

За сите погоре наведени лица потрагата за нивно пронаоѓање продолжува. Дел од наведените лица кои во моментот на пријавување биле малолетни, денеска се полнолетни со наполнети 18 до 43 години и согласно тоа потрагата се донесува за 6 малолетни лица и 3 малолетни лица – баратели на азил од прифатен центар во Визбегово.

Образовниот систем има важна улога во раното предупредување за исчезнати деца, вели директорката на ОУ„ Љубен Лапе“,Фоника Станоева. Двонасочната комуникација помеѓу родител и наставник е обврска за да се знае кога некое дете не е присутно на настава да се знаат причините зошто не е присутно бидејќи секое отсуство на дете е аларм за наставникот и за самото училиште. 

Најмладото исчезнато лице во Македонија е 15-месечнта Елиф Фејзула од скопското село Стајковци. Нејзината фотографија се уште стои на страницата на МВР со исчезнати лица од Македонија, а исчезна во страотната поплава во Стајковци.

Во 1987 година, сред бел ден во близина на Олимпискиот базен во центарот на Скопје мистериозно го снемало петгодишниот Амет Алкан.

Некоја година потоа, македонската јавност ја погоди колективна траума и шок, но во исто време и страв за безбедноста на своите деца поради исчезнувањето на деветгодишната Билјана Србиновска. На 27-ми јануари 1990 година во атарот на скопското село Бразда беше пронајдено нејзиното безживотно тело.

Дане Мемеди, Мирсада Хелдовиќ, Митат Ибраими се само дел од децата кои се уште се наоѓаат на сајтот на МВР и се водат како исчезнати.

На 27 ноември 2023 година македонската јавност но и регионот беа погодени од нова колективна траума, Вања Ѓорчевска првично се водеше како исчезната за подоцна да се утврди најстраотната вистина дека е убиена  во скопското село Бразда.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига

Следно

Реакција на Битиќи за отсуството на министри од седниците за пратенички прашања

Latest from Blog

Били Ајлиш не сакајќи кажа колку милиони има на сметката, откако им се нафрли на милијардерите (ВИДЕО)

Нејзиниот говор на доделувањето на наградите за иноватори на списанието WSJ за 2025 година во Њујорк го постави прашањето: Колку навистина вреди Били Ајлиш? Нејзиното нето богатство се проценува на околу 53

Запленети над 50.000 фалсификувани играчки „Лабубу“

Првите заплени започнаа кон средината на септември во експресен товарен центар во регионите Сена и Марн, кога беа пронајдени палети од Белгија што содржеа 7.392 плишани играчки и 8.624 фалсификувани пакувања, објави

Силна експлозија во рафинерија за нафта во Ново Мексико, неколку повредени

Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени. По експлозијата, густ чад се издигнал над зградата, а противпожарната бригада
Go toTop