Текстилната индустрија во пад поради кризата во Германија

December 24, 2024
1 min read

Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не очекуваат следната година да биде нешто многу поразлична од претходните две во овој поглед, а од текстилната индустрија веќе ги чувствуваат последиците со намалување на извозот за 20-тина проценти. Од Германската стопанска комора, пак, уверуваат дека кризата во Германија нема да се рефлектира врз работните места во германските капацитети изградени во земјава.

Четириесет проценти од вкупниот извоз оди за Германија, а тоа е посебно изразено во текстилниот сектор бидејќи повеќе од 60 проценти од нашиот текстилен извоз оди за Германија.

– Се разбира дека тамошните случувања, падот на економијата, незивесноста со состојбата во Украина, зголемувањето на цените на енергенсите влијае на падот на побарувачката во Германија и луѓето се потешко купуваат текстилни производи. Ова директно значи намалување на нашите нарачки и тоа во услови кога ние и така имавме слободен пад на побарувачката и особено бројот на работници во текстилната индустрија. Ова ќе биде само поголемо, побрзо опаѓање на сите капацитети во текстилната индустрија во Македонија, вели во изјава за МИА Ангел Димитров од текстилната компанија „Мода“ и дел од Организацијата на работодавачи на Македонија. 

Посочува дека последните податоци покажуваат намалување на извозот на текстилниот сектор кон Германија за 23 проценти во однос на минатата година што секако се одразува и на пад на бројот на работници. 

– Со тоа што, ние работиме лон работа, па така често пати бројот или процентот на падот на извозот е еднаков со процентот на падот на работниците. Што значи во овој момент историски најнизок број на работници работат во оваа гранка во Македонија. Некаде околу 28.000 работници останавме. Во најдобрите времиња во 2009/2010 година бевме 63.000 работници во оваа гранка, нагласува Димитров.

Според Димитров, ако падот на германската Влада резултира со некоја друга влада која би ги сменила политиките во Германија можеби би излегло и нешто добро од тоа. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амандмански расправи за повеќе закони на комисиите за економски прашања, финансирање и политички систем

Следно

Претежно облачно и студено со локални врнежи

Latest from Blog

8,6 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 10.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.177,56 поени. Во однос

Општина Прилеп: Започна собирањето предлози за наградите „3-ти Ноември“

Општина Прилеп започна со прибирање предлози за доделување на општинските награди и признанија „3-ти Ноември“, како и наградата за животно дело, по повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп – 3 Ноември.

Мбапе двапати одбивал понуди од Манчестер Јунајтед, еве зошто…

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Пред да го облече дресот на Реал Мадрид, францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше желба на многу европски гиганти, а меѓу најупорните во намерата да го доведат бил Манчестер Јунајтед. Сепак, Мбапе

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Нова инвестиција и до 300 нови работни места се очекуваат во Прилеп со проширувањето на производните капацитети на компанијата WIK во ТИРЗ Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на

Општина Битола: Новата ресурсна соба во „Ѓорѓи Сугарев“ ставена во функција

Во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола денеска беше ставена во функција новата ресурсна соба, наменета за поддршка на учениците и унапредување на инклузивната практика во училиштето. На настанот присуствуваа градоначалникот на Битола
Go toTop