Тејлор Свифт стана МИЛИЈАРДЕРКА

April 3, 2024
1 min read

Американската пејачка Тејлор Свифт веќе е милијардерка, според најновото рангирање на богатите светски познати личности, спроведено од списанието „Форбс“.

За помалку од една година, Свифт го зголеми своето богатство за 360 милиони долари, најмногу благодарение на турнејата „The Eras Tour“ и нејзините 152 концерти ширум светот. Со богатство коешто се проценува на 1,1 милијарда долари, пејачката родена во американската сојузна држава Пенсилванија стана првата уметничка која ја премина границата од 10 цифри исклучиво од сопствената музичка заработка.

Според „Форбс“, вредноста на нејзиниот музички труд и шесте студиски албуми сега е околу 500 милиони долари. На таа сума се додаваат и недвижнини со вкупна вредност од 125 милиони долари, како и приватен авион, проценет на 10 милиони долари.

Турнејата завршува на 8 декември во Ванкувер, а на пејачката веќе ѝ донесе 190 милиони долари.

Според неколку проценки, „Ерас“ е на пат да стане концертна турнеја со најголема заработка во музичката историја – многу над милијарда долари.

Тејлор Свифт не е единствениот музички уметник во одбраниот круг на познати милијардери. Раперот Џеј Зи, ар-ен-би пејачката Ријана и Џими Бафет веќе ја престигнаа, но сите други дел од своето богатство го должат на вложувања во активности коишто не се директно поврзани со музиката.   (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Следно

Неверојатна среќа за овие два хороскопски знака до 15 април

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop