Тече истрагата за убиството во Ханиоти

July 15, 2023
1 min read

Полицијата од местото на настанот собрала 19 чаури

Жртвата Орхан Бајрами-Оки е претставен како сопственик на казино кој бил вклучен и во бизниси со трговија на пијалоци. Медиумите го нарекуваат и неформален водач на криминалната група „Дуќанџик“

Тече истрагата на грчките полиција за убиството што утрово околу 3:30 ч. се случи во Сани Вилас, Ханиоти, при што еден македонски државјанин загина, а уште еден е повреден.

Грчките власти испитуваат дали убиството е резултат на пресметка или се работи за крвна одмзада.

Тамошните медиуми јавуваат дека две маскирани лица кои се возеле на мотор, отвориле оган врз двајца македонски државјани.

Напаѓачите се приближиле до местото каде бил сместен 39 годишниот Орхан Бајрами со четворица пријатели, по што отвориле оган кон него.

Бајрами им подлегнал на повредите, а од фрагментите бил повреден неговиот 45 годишен пријател Сеад Слезовиќ, кој е транспортиран во болница во Полигирос.

Полицијата од местото на настанот собрала 19 чаури, јавуваат грчките медиуми.

Министерството за надворешни работи информира дека амбасадата во Атина стапила во контакт со надлежните грчки институции и со полицијата во Солун, од каде што потврдиле дека во Сани Вилас, Ханиоти, две маскирани лица пукале врз двајца државјани на Северна Македонија.

Жртвата Орхан Бајрами-Оки е претставен како сопственик на казино и бил вклучен и во бизниси со трговија на пијалоци. Медиумите го нарекуваат и неформален водач на криминалната група, „Дуќанџик“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Преекспонирано“ во главната, официјална конкуренција за најдобар филм на European Film Festival Palić

Следно

Припадници на „Вагнер“ пристигнаа во Белорусија, тврди Украина

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop