ТАЖНА ВЕСТ: Почина Коле Манев, сликарот кој ја носеше и сликаше болката на Егејците

January 22, 2025
1 min read

Коле Манев, познатиот македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, почина денеска на 83-годишна возраст.

Карактеристично за целото творештво и уметничкото дејствување на Коле Манев е нишката на болката и страдањата на бегалците од Егејска Македонија.

Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Toj е еден од групата македонски сликари, протерани од своите домови во Егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1948 година. Се школувал во Скопје и во Белград. Студирал и во Париз и присуствувал на предавања во Прага за анимиран филм. Имал повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, Франција и земјите од регионот. Манев во 2012 година изложи 29 слики во новиот мултимедијален центар „Хаус ексклузив“

Во 2006 година, Манев го добива одликувањето на Француската амбасада „Почесен витез на уметноста“ што им се доделува на заслужни уметници за ангажман во областа на културата. Една негова слика виси во фоајето на Република Македонија на Кабинетот на претседателот на Собранието. Во 2001 година, за време на годишната прослава, Денот на македонската револуционерна борба на 23 октомври, Собранието на Манев му ја додели националната награда „23 Октомври“.

Тој има снимено и два играни филмови, по негово сценарио и режија „Мост“ (2006) и „Еко Скоп“ (2022).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Напад со нож во парк во Баварија, двајца мртви, а осомничениот е уапсен 

Следно

ПОЧИНА СЛИКАРОТ И РЕЖИСЕР КОЛЕ МАНЕВ

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop