Таткото го застрелал синот по физичка пресметка на новогодишната ноќ

January 2, 2025
1 min read

Мажот што вечерва беше пронајден мртов во својот дом во Тетово бил убиен од страна на својот татко пред два дена, на 31 декември, информираат од МВР по координација со јавен обвинител.

Од полицијата соопштија дека е утврдено оти се работи за кривично дело убиство кое 65-годишниот М.Н. го извршил над својот 39 годишен син С.Н. по претходна физичка пресметка.

Убиството било извршено со ловечка пушка.

„„Денеска околу 18.50 часот во Блок 70 во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка. По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.“, велат од СВР Тетово..

Претходно вечерва од полицијата информираа дека доцна попладнево, околу 18:50 часот 39-годишник бил пронајден мртов во својот дом во Тетово каде што живеел со својот татко. Мажот бил пронајден со прострелна рана во главата, а во просторијата каде што се наоѓало неговото тело пронајдена била и ловечка пушка. Таткото на 39-годишникот бил пронајден во бессознание и однесен во Ургентниот центар во Тетово.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возачот на ‘Cybertruck’ имал прострелна рана во главата пред експлозијата во Лас Вегас

Следно

Денес започнува релито Дакар

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop