Татко и ќерка спасени од урнатините 32 часа по земјотресите во Туркије

February 7, 2023
1 min read

ЕЛАЗИГ (АА) – Спасувачките екипи успеале да спасат уште 4 лица, вклучувајќи татко и ќерка од урнатините на зграда во Малатја, 32 часа по разорните земјотреси што вчера ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Бројни спасувачки екипи продолжуваат со акциите за претрага и спасување со цел да ги пронајдат луѓето кои останале заглавени под урнатините по разорниот земјотрес.

Противпожарната екипа што пристигна од Елазиг денес од урнатините на една зграда успеа да спаси 4 лица, меѓу кои се татко, неговата тригодишна ќерка и 16-годишниот син од неговиот брат.

Сите четири лица се префрлени во болница.

Според најновите информации, 3.549 лица загинаа, а најмалку 22.168 се повредени во земјотресите што вчера ги потресоа јужните делови на Туркије. Од урнатините на зградите се спасени над 8.000 лица.

– Разорни земјотреси што вчера ја потресоа Туркије 

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер вчера наутро во 4:17 часот по локално време со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Земјотресите се почувствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Како напредна дивоградбата близу Старата скопска чаршија

Следно

Зеленски му изрази сочувство на Ердоган поради разорниот земјотрес

Latest from Blog

ФОТО Галичник во сериозна опасност – патот оштетен од свлекување на земјиште

Селото Галичник е соочено со сериозно оштетување на патот кој го поврзува со други делови на земјата, предизвикано од свлекување на земјиште. Оваа ситуација претставува непосредна опасност за безбедноста на жителите, како

Денот на Европа ќе биде одбележан со хуманитарна трка за Кочани

Делегацијата на Европската Унија и мрежата Europe House годинава ќе го одбележат Денот на Европа со хуманитарна иницијатива посветена на жртвите и погодените од неодамнешната трагедија во Кочани. На 25 мај, истовремено

Ќе има ли предвремени парламентарни избори заедно со локалните на есен или во друг термин?

Три  опции на политичка маса пред Христијан Мицкоски – локални избори во октомври, кои би можеле да предизвикаат и парламентарни напролет следната година или пак двојни односно локални и парламентарни, – ова

Ердоган: Газа им припаѓа на Палестинците исто како Западниот Брег и Источен Ерусалим

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Појасот Газа им припаѓа на Палестинците, исто како и Западниот Брег и Источен Ерусалим, јавува Анадолу. „Исто како и Источен Ерусалим и

Ливерпул го објави датумот на шампионската парада, се очекуваат над милион навивачи

Ливерпул официјално потврди дека шампионската парада на тимот на Арне Слот ќе се одржи во понеделник, 26 мај. Ова е денот по последното коло од Премиер лигата. Во него, „црвените“ го пречекуваат
Go toTop