Тасев: Мицкоски тргна, а некои сакаат да стои како Заев и Ковачевски

February 24, 2025
3 mins read

Колумна на Никола Тасев објавена на Скопско ехо

Колку пати на светските говорници се слушна од наши политичари за македонските проблеми во минативе 20-тина години? Колку пати влијателните држави слушнаа директно од македонски лидер што мисли и што трпи народот во нашата држава?

Одговорот на овие прашања ќе го даде и одговорот на „загрижените“ дека премиерот Мицкоски е премногу директен кон Брисел, дека…

Истите душегрижници не учеа дека историјата е непотребна – па навиваа да се укине како предмет, а и да се смени како што бараа странците. Ама еве за да дојдеме до одговорот на почетни прашања морам да се навратам на три случки од минатото.

Првата, настап на поранешниот премиер Димитар Ковачевски на Генералното собрание на ОН во септември 2022 година на тема „Правата на малцинствата во земјите низ светот“, каде што 99 отсто од времето го потроши за фалење колку тоа Македонија напреднала на ова поле, но не најде сила да ги спомене правата на Македонците во соседните држави. Да се пропушти таква прилика за кажување на големиот проблем е несериозно однесување. Впрочен, ниту во оваа, ниту во една друга прилика, Ковачевски не успеа да ја отвори или да ја наметне темата, освен кога неговите министри велеа дека македонското малцинство во соседните земји се тамошен случај и реалност и во тие средини треба да си видат како понатаму.

Вториот случај е со Самиот на ОБСЕ, во декември 2023 година, кога тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи беше домаќин. Среде Скопје дојдоа повеќето важни дипломати од светот, а тој зборуваше ли зборуваше само за проблемите на останатите држави. Просто влијателните министри на моменти подзабораваа дека се во Македонија, туку дека се во Швајцарија, Шведска…

Третиот случај е со онаа поранешната несреќа од министер за евроинтеграции – Маричиќ. Засилено не убедуваше дека „францускиот“ предлог е многу добар и дека е клучот за отварање на портата кон ЕУ. Тој дури и Брисел го уверуваше дека добро ни смисли што мора да клекнеме пред соседната држава. За сериозно спорните точки во предлогот не зуцна ниту тој, ниту премиерот, ниту тогашниот претседател Пендаровски. Ама знаеја да бараат од еврокомерасите да го притискаат ВМРО-ДПМНЕ да го голтне сервираното, иако не е по вкус на македонскиот народ.

За жал има многу вакви настапи на светската сцена од наши политичари. Да, не верувам дека и никој од нив не чувствувал потреба да кажат нешто за Македонија и за нашите проблеми. Впрочем на моменти на искреност тие признаваа дека „нешто ги сечело во стомакот кога прифаќале се што им било наметнато“, ама се плашеа да ја исправат кичмата и мислеа дека сервилноста е патот кон успехот.

И? Еве, ниту тие успеаја, ниту Македонија доживеа развој, ниту евроинтеграција, ниту почитување од останатите политички чинители во светот.

Премиерот Мицкоски, за разлика од нив, тргна во засилената дипломатска офанзива и јасно го стави интересот на Македонија во прв план. Реши некои работи да ги поправи. Реши светските лидери да слушнат што е проблемот околу Македонија и кој го прави тој проблем. Реши да пренесе што народот од државата што ја води чувствува, од што се плаши, што му е прифатливо, за што досега бил измамен, што…

Ова требаше и пред повеќе години да се случи, ама и сегашниот потег на Мицкоски е на време. Македонија, лекциите на „убавата дама”, како што милуваше да ја нарече Европската Унија, поранешниот премиер Заев, веќе ги научи напамет, но излегува дека секогаш Брисел има нови и нови лекции. Време е учителот да слушне од ученикот што тој мисли за наметнатите „уроци“.

Зарем ова е за критика, како што слушнавме деновиве од некои медиумски платеници и „велеексперти“? Има ли некој сериозни аргументи зошто Мицкоски би требало да продолжи таму каде што застанаа Заев и Ковачевски??

Инаку, добро е што премиерот е умерен и дава јасни факти кон ЕУ со кои го поткрепува својот цврст став. Воедно и не застанува да се движи по патот на евроинтеграциите, напротив само бара поголемо уважување на Македонија и нејзините национални интереси.

Добро е и тоа што сегашната власт ги зајакнува односите со САД. Целиот свет е пред големо ресетирање кое носи неизвесност. Да си во првите редови до најголемата светска сила е одлична работа на која сум сигурен многу држави ни завидуваат. Добро е што премиерот Мицкоски го користи секој позначаен собир да „тркне“ до Вашингтон за да ја покаже на големата сцена македонската подготвеност за реформи и за соработка со пријателите, но и да ги истакне црвените линии на Македонија.

Допрва треба уште повеќе да се зборува, лобира, бори за Македонија. Многу работи се испуштени, а и многу работи се наметнуваат во овој нов светски момент.

Добро би било сето ова да го поддржи и опозицијата. Така ќе добие две работи: прво, ќе се искупи за многуте дипломатски грешки, а втората – така ќе се постигне политичко и национално единство, за кое тие верглаат со години. Но, тие си знаат како понатака.

Мицкоски е тргнат на патот. Поддршка од мнозинството во земјата – очигледно е дека има.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муртезани оствари средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија

Следно

На Мицкоски не му се брза за минималната плата, уште чека договор меѓу работниците и работодавачите

Latest from Blog

„25 инфраструктурни во 2025-та во Чаир“ – Ганиу: Не е предизборна кампања, ги добивме средствата

Градоначалникот на општина Чаир претстави неколку инфраструктурни проекти. Главните проекти опфаќаат реконструкција на 4 улици. Во соопштението се споменува и салата Партизан и реконструкција на фудбалското игралиште на стадионот на Чаир, а

Славјанка Петровска: Како демократски општества не смееме да ја оставиме Украина сама

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денес присуствуваше во Делегацијата на ЕУ, во Скопје, каде имаше свој говор, и каде втора година по ред, се одржува настан во сеќавање на 24 февруари, кога

Димитриеска-Кочоска и Ристовски дел од панел-дискусијата „Ракометот спорт број 1?“

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска заедно со министерот за спорт Борко Ристовски беа дел од панел-дискусијата „Ракометот спорт број 1?“ во организација на специјализираниот портал за ракомет Саморакомет.мк. Стратегија, визија, инфраструктурни проекти

Во Германија слават конзервативците

Германските конзерватицки слават. Рекорден резултат за крајната десница. Коалицијата на конзервативни партии се побеници на предвремените избори во Германија. Со освоени 28.6 од проценти на гласовите, Фридрих Мерц го доби мандатот да
Go toTop