На Мицкоски не му се брза за минималната плата, уште чека договор меѓу работниците и работодавачите

February 24, 2025
1 min read

Минималната плата може да се донесе и во март, бидејќи променетата почнува да се исплаќа во април, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со прашањето дали ќе има промена на износот на минималната плата или ќе се применува законски пресметаниот износ на оваа плата

– Најпрво треба да формираме комисија која ќе ја утврди репрезентативноста на синдикатите бидејќи истече рокот на сегашната репрезентативност. Очекуваме на седница на влада да се формира таа комисија. Па потоа ќе се состане економско-социјалниот совет за да одлучува за минималната плата каде што покрај синдикатите се и работодавачите – рече Мицкоски.
Тој го повтори ставот дека владата ќе прифати повисока минимална плата, ако се договорат работодавачите и синдикатите.

Во врска со најавената официјална потрошувачка кошничка премиерот рече дека по одредување на репрезентативноста на синдикатите ќе се договори и методологијата на нејзино пресметување.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тасев: Мицкоски тргна, а некои сакаат да стои како Заев и Ковачевски

Следно

МОН донесе одлука за затворање на Институтот за биометриски истражувања од Скопје

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop