Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле

October 22, 2024
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.

– Ние ги резгледавме со екипата со правната екипа во Министерството, сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекори и се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одредени пропусти, лекарски, има, одговори Таравари по изјавите за медиуми денеска пред Клиниката за онкологија.

Тој смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.

Претходно, министерот рече дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува од нив да има некаква одговорност.

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во Скопје вечерва набљудување на комета – следното нејзино појавување ќе биде за 80 илјади години

Следно

Нијагарски Водопади – Моќта и убавината на природата

Latest from Blog

Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на
Go toTop