Таравари: Во Новата 2025-та повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството

January 1, 2025
1 min read

Новата 2025 година ќе биде бериќетна и за здравствените работници, вели министерот за здравство Арбен Таравари посочувајќи дека ќе има повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството.

-Тоа го бараат здравствените работници, подобри услови за да на крај секогаш пациентите добијат подобри услуги, изјави денеска Таравари прашан дали ќе биде бериќетна Новата година и за здравствените работници по посетата на првороденчето во Новата 2025 година на ГАК.

Во однос на реформите во здравството, тој нагласи дека се започнати но тие нема да се случуваат преку ноќ.

-Реформи ако очекувате за една ноќ ниту за шест месеци тоа не бива. Ние веќе започнавме реформи- гледате – позитивна листа на лекови, масовни вработувања, Советот во Министерството веќе работи на изготвување на стратегија за децентрализација на здравството. Исто така работиме на нов закон за здравствена заштита, сигурно има 10-15 закони од здравството кои чекаат да дојдат на Собрание. Се надевам дека Старетегијата ќе биде готова втора половина на 2025 година и пред да излезе во јавност ќе се повикаат експерти, ќе се повикаат и другите политички партии не само од власта, за да добиеме стратегија која нема да се менува секоја година, вели Таравари за стратегијата која ќе се однесува на периодот до 2030 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелскиот геноцид се убиени 45.553 Палестинци во Појасот Газа

Следно

Тошковски: Граѓаните не треба да бидат казнети поради возачките дозволи

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop