Таравари: Утре ќе се знае што ќе правиме, имаме две опции или во коалиција со Влен или сами, но не преговараме со ДУИ

April 14, 2025
2 mins read

Министерот за здравство и лидер на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска изјави дека не е точно дека преговараат со ДУИ и дека како политички субјект на претстојните локални избори имаат две опции – едната е да продолжат во рамки на коалицијата Влен, а другата е да излезат од коалицијата и да настапат сами.

Таравари за утре најави Централно претседателство на партијата што ја предводи, на кое, како што рече, ќе заземат став како ќе продолжат понатаму. Вели во партијата се прават одредени анализи и анкети кои покажуваат дека во одредени општини би имале добар резултат и доколку настапат сами. 

„Така што тука е изборот меѓу овие две опции. Нема трета опција“, одговори Таравари денеска на новинарско прашање во однос на барањето на лидерите од партиите во рамки на коалицијата Влен да одбере страна. 

На Централно претседателство на партијата, како што посочи, сака да ги слушне ставовите, пред да биде донесена одлука.

„Аналитичкиот центар на АА има направено одредени анкети, ќе ги презентира и ќе треба да донесеме заедничка одлука како да се настапи“, додаде Таравари и појасни дека добро котираат во Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Теарце, Сарај, Липково… 

„Не мислиме дека ќе победиме, меѓутоа мислиме дека може да направиме добар резултат,  меѓутоа ајде да видиме. На крај, граѓаните одлучуваат“, нагласи Таравари. 

За последната изјава на лидерот на Беса, Биљал Касами, дека најголем губитник ќе биде оној, кој ќе излезе од коалицијата Влен, како и дека за него ќе важи  народната поговорка: „Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“, Таравари не сакаше да коментира. Рече тоа е став на Касами и оти смета дека избрзува кога дава изјави.

„За Биљал Касами не би сакал да коментирам. Тоа е негов став. Јас мислам дека избрзува кога дава изјави. Меѓутоа тоа е негова работа. Утре имаме Централно претседателство на АА и ќе одлучиме како продолжуваме понатаму“, додаде Таравари.

За тоа што се договориле на состанокот во петокот, Таравари рече дека постојано се во комуникација и дека изминатие три-четири дена се сретнале неколку пати со останатите претседатели на партиите од Влен. 

Коалицијата Влен во петокот одржа состанок во Скопје на којшто лидерите на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари, Демократското движење Изет Меџити, на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими разговараа за состојбата внатре во коалицијата и за претстојните локални избори.   

Ќоку во петокот изјави дека средбата на лидерите била во пријателски и колективен дух. Тој потенцираше дека коалицијата продолжува заеднички, а останува да се договорат само детали за листите за градоначалници и советници во општините пред Локалните избори.

„Разговаравме за следните избори, за следните средби. Тоа беше во сосема пријателски и колективен дух. Детално ќе разговараме за тоа во кои општини ќе одиме заедно. Така што, ова беше уште една позитивна средба во духот на соработката. Апсолутно, ние сме заедно, продолжуваме заеднички и останува да се разговара само за деталите и за тоа како ќе се поделат општините. Не се согласуваме на најдобар можен начин, но, во секој политички субјект тоа се случува, и кај поединечни партии“, рече Ќоку. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Небиу во 24 анализа: Извршната власт треба да ја пушти истрагата за Кочани да тече

Следно

„Се е можно“, вели Меџити на прашањето дали постои можност ВМРО-ДПМНЕ да ги промени партнерите во власта

Latest from Blog

Бугарија бара истрага за Томас Вајц – Георгиев: Лага е дека ќе ја пуштиме Македонија во замена за еврото

Бугарските европратеници бараат истрага за известувачот за Македонија во Европарламентот, Томас Вајц. Обвинија дека бил едностран во нацрт-Извештајот. Расправата за Извештајот беше одложена за 24-ти месецов, а премиерот Христијан Мицкоски е уверен

Комунална хигиена Скопје: В.д. градоначалникот на Аеродром се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување

Лицемерие и евтин театар од В.Д. градоначалникот на Аеродром Дејан Митески. Полу градоначалникот Митески без легитимитет се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување на ЈП Комунална хигиена Скопје.  ЈП Комунална

Стопирана хуманитарната помош за Газа

Прекината хуманитарната мисија за Газа. Израелската армија упадна на бродот со кој Грета Турнберг, француската европратеничка Рима Хасан и уште десет други активисти требаше да достават хуманитарна помош за палестинците кои останаа

Пет ракометари заминуваат од Еурофам Пелистер

Пет ракометари, првотимци на Еурофарм Пелистер го напуштаа шампионскиот тим на клубот кој јавно се заблагодари за нивниот придонес во освојувањето на првенството и настапите во европската Лига на шампионите. Во следната

Договори до декември, но не и решение за работа – медициските сестри од Тетово незадоволни, најавија протест во Скопје

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово, кои протестираа една недела, ќе им бидат продолжени договорите за работа до декември. Сепак, како што бараат, редовни решенија за вработување нема. Денеска директорот на
Go toTop