Таравари со лидерите на ЕСП на средба со Курти? – Сите ја чекаат одлуката на АА

December 31, 2023
2 mins read

реклама


2023 година изминува, а на албанската политичка сцена не можеме да кажеме дека има јасност за начинот на кој политичките партии ќе учествуваат на претстојните мајски избори. Освен што Движење Беса, Демократското движење и Алтернатива се приклучија како заедничко тело, останатите партии сè уште не одлучиле како ќе настапат на изборите, вклучително и ДУИ. Последните повици на ДУИ беа да се формира Европски фронт кој ќе излезе како победник на изборите во мај. Овој повик го упати и СДСМ.

Што се однесува до АА, ниту оваа партија се уште нема донесено одлука како ќе учествува на изборите. И ДУИ и Европскиот сојуз за промени повикаа на коалиција. А за таа цел, како што дознава ТВ21, вчера, на иницијатива на првиот човек на Самоопределување, Албин Курти, во Приштина била одржана заедничка средба меѓу Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши и Биљал Касами.

реклама

Движењето Самоопределување на парламентарните избори ќе биде дел од изборните листи со Европскиот сојуз за промени, додека нивниот претставник Беким Ќоку ја повика и АА да им се придружи.

„Ги поканувам и другите политички партии, граѓанското општество, а овде отворено ја поканувам и Алијанса за Албанците да се приклучи на оваа промена бидејќи јас како поранешен член на Алијанса го чувствувам и знам менталитетот и опозицискиот дух на Алијанса и знам дека таа има свое место во оваа постава овде“, вели Беким Ќоку.

реклама

И лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, ја повика АА да се приклучи.

„Затоа, уште еднаш ја користам приликата во врска со анкетите, да ја поканам АА, за што поскоро да реши да биде таму каде што е нејзиниот гласач, тоа најдобро го знае раководството на АА. Гласачот на АА не оди со ДУИ, тие можат да одат но гласачот ќе биде со опозицијата“, порача Биљал Касами.

реклама

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, по последната средба со Таравари изјави дека сите опции се отворени, додека конечната одлука ќе ја донесат партиските органи.

„Опциите се отворени, многу пријателски разговор, ќе продолжиме повторно да се среќаваме. Ќе разговараме за опциите, визиите, случувањата и врз основа на оценките што ќе ги дадат партиските органи ќе донесеме и одлуки како и за која опција ќе се одлучиме“, вели Али Ахмети.

Она за што досега се изјаснија од Алијанса за Албанците е дека волјата на централното претседателство е сами да одат на избори, додека првиот човек на оваа партија Арбен Таравари на последната средба со Ахмети во Гостивар рече дека тешко АА да оди на заеднички листи со ДУИ.

„Реков, многу е тешко за Алијанса да излезе со ДУИ, но пак ќе разгледаме. Мора да се почитуваат одлуките на партиските органи“, порача Арбен Таравари.

Уморен од повиците за коалиција, генералниот секретар на АА пред неколку дена изјави дека никој нема право да и каже на АА кога и како ќе одлучува за својата политичка иднина.

Што се однесува до новоформираните партии, Народно движење и Европската демократска партија, ниту една нема конечна одлука како ќе постапи. Нивниот услов, како што изјавија досега, е партиите со кои ќе коалицираат да ги делат истите вредности во однос на европскиот пат на земјата.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намален бројот на склучени бракови, но и на разводи – Софија и Лука најпопуларни имиња за бебиња минатата година

Следно

Данската кралица Маргрет по 52 години се откажува од престолот, како монарх со најдолг стаж во Европа

Latest from Blog

Кој е сега идиот?!

ФОТО: Newcastle United/FB Во летниот преоден рок раководството на Баерн Минхен имаше намера да се засили со Флоријан Вирц (Леверкузен) и Ник Волтемаде (Штутгарт). Сепак и двајцата се преселија во Премиерлигата, во

Невзат Бејта обвинува: Општината во Гостивар трошела стотици илјади евра без резултати

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Вреди, Невзат Бејта денеска на прес конференција упати обвинувања кон досегашната локална власт за злоупотреби со тендери за реконструкции на улици и пополнување на ударни дупки.

Ученици од „Кочо Рацин“ запознаа како функционира локалната самоуправа во Битола

Битола, 26 декември 2025 – Ученици од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола денеска реализираа едукативна посета на локалната самоуправа со цел да се запознаат поблиску со работата на

Алиу: Првпат имаме база на човечки ресурси во здравството, наскоро и база на инфраструктура и технологии

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите, на кој се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како и за приоритетите во
Go toTop