Таравари – претседателски кандидат на албанската опозиција

February 14, 2024
1 min read

Арбен Таравари, претседателот на Алијанса за Албанците ќе биде кандидат за претседател на албанската опозиција, дознава Алсат. Одлуката била донесена вечерва на заедничка средба на лидерите на Европскиот сојуз за промени, а се очекува  наскоро да биде и официјално соопштена.

Претходно денеска, лидерот на Алтернатива Гаши  на Фејсбук напиша  дека албанската опозиција многу скоро ќе го објави својот кандидат за претседател за кого рече дека ќе биде почитувано име кое ги надминува етничките и политичките граници и ќе биде ретка можност во С Македонија по првпат да се ирази мултиетничкиот карактер на државата.

„Денеска, кога и официјално се распишуваат претседателските избори, сакам да ја информирам јавноста дека ‘Европскиот сојуз за промени’ веќе има свој кандидат за претседател. Сојузот има кандидат кој влегува во оваа трка за да победи и да стане претседател на С Македонија, кој нема да биде ‘другиот’, туку ќе биде ‘нашиот’“,напиша Гаши.

За можен претседателски кандидат, Таравари се споменуваше уште по средбата на опозицијата со косовскиот премир Курти. Иако тој велеше дека не е заинтерсиран да биде претседатеслки кандидат, Меџити и Касами неколкупати изјавија дека ова прашање не е затворено.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ СЕ ПОВРЕДИЛЕ ПРИ ИНТИМЕН ОДНОС? 42% од луѓето рекле „да“, еве што им се случило

Следно

Карате клуб Штип од денеска почнува со олимписко таеквондо

Latest from Blog

Димовски: На регионот му треба поблиско економско партнерство со ЕУ

Западниот Балкан треба да разгледува можности за поблиско економско интегрирање со Европската Унија, наместо целокупните очекувања да ги врзува за брзо политичко членство, оцени Илија Димовски во „Тема на денот“ на Сител.

Димовски: Политичката неизвесност во Србија е можност за македонската економија

Македонија треба активно да ги идентификува и да им пристапи на инвеститорите што поради политичката неизвесност во Србија би ги преиспитале своите планови, оцени поранешниот пратеник Илија Димовски во гостувањето во „Тема

Стојаноски: Приходите од концесии пораснале за 127%, продуктоводот проработе по 13 години

Пратеникот Бојан Стојаноски ги издвои зголемените приходи од концесиски надоместоци, повторното функционирање на продуктоводот Солун–Скопје и гасните поврзувања со соседните држави како резултати со кои ја бранеше работата на министерката Сања Божиновска

Пренџов: За две години претходната власт ја поскапи струјата за 42,7 проценти

Пратеникот Љупчо Пренџов ја доведе во прашање убедливоста на интерпелацијата за министерката Сања Божиновска, посочувајќи на малиот број пријавени говорници и на неучеството на водечките претставници на опозицијата во расправата. Обраќајќи му

Станковиќ: Рударството мора да носи поголема корист за државата и да ги почитува еколошките стандарди

Развој на рударството со почитување на највисоките еколошки стандарди и со повисоки концесиски надоместоци побара пратеникот Малиша Станковиќ во собраниската расправа за интерпелацијата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Go toTop