Таравари потврди дека попладне ќе има средба со Мицкоски

May 5, 2025
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците потврди дека денеска попладне ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медумите дадена во Тетово, Таравари рече дека остануваат на одлуката донесена на Претседателството на партијата да одат со посебни советнички листи на претстојните локални избори, но дека ќе го слушне и ставот на премиерот по што ќе проценат како партија како ќе продолжат понатаму.

  • Тоа што ние сме го поминале на Претседателство дека Алијанса за Албанците ќе има посебни советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде излегуваме. Така што ќе го слушнеме и премиерот и потоа ќе процениме како продолжуваме понатаму, изјави Таравари.

Премиерот Христијан Мицкоски викендов најави дека неделава ќе има средба со Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори. За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ.

  • На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулирам имињата, каде што тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници што прво значи себепонижување, како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по повод одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку три жртви во експлозија во Москва

Следно

Живиот македонски јазик доби нов фонт – „Крушево“ на Зоран Кардула

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop