Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница

July 21, 2025
1 min read

Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари вечерва на Фејсбук објави документ кој, како што вели, му е доставен на министерот за здравство Азир Алиу на 15 овој месец и во кој се дава негативен одговор за вработување на неопределено време на 155 работници за Клиничката болница во Тетово.

„Барањето е доставено до Министерството за здравство на 2 јули 2025 година, односно во време кога Азир Алиу беше министер и на него е добиен негативен одговор од Министерството за финансии. Зошто не влијаевте да добиете позитивен одговор? Сите овие вработувања, вклучувајќи ги 300 + 300 специјализанти, ви ги оставив подготвени. Првата група речиси ја завршив. А каде сте со втората група на врботување на 300 специјализанти? Сите вработувања беа во фаза на подготовка, за што сведочат сите документи. Секое барање од здравствените установи што пристигнало во Министерството додека јас бев министер, во рок од неколку дена беше проследено до Фондот за здравство, односно до Министерството за финансии“, се вели во објавата на Таравари.

Таравари во објавата на Фејсбук упатува и неколку прашања до министерот Алиу. 

„Рековте дека 300 здравствени работници ќе бидат сместени во Трговскиот центар Лимак од 1 јули. До каде е оваа постапка? Зошто толкаво доцнење? До каде сте со бесплатните прегледи за секој што наполнил 40 години? Доставивте информација до Владата за да ѝ се продолжи на Градот Скопје надлежноста за надгледување на паркингот кај Клинички центар. Дали имаше некаков договор? Зошто ја повлековте истата? Што се крие зад ова? Правите реформи во системот „Мој термин“, а сè уште немате договор за одржување. Како ќе го спроведете тоа без договор? За изградбата на ѕидот кај УК за Детски болести обезбедив буџет, има владина одлука, па те потсетувам дека треба да се изгради што е можно побргу, бидејќи претставува опасност!“, напиша Таравари на Фејсбук. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Василевски се приклучи на подготовките во Гевгелија

Следно

Полска вечер на Охридско лето со Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано

Latest from Blog

Леонардо Дикаприо призна дека се срами што глумел во хорор филм од 1991 година

Оскаровецот Леонардо Дикаприо претходно призна дека бил на работ на нервен слом поради филмот „Човекот во железната маска“, а сега откри и од кој свој филм најмногу се срами. Холивудскиот заводник, Леонардо Дикаприо се

КОЖУВЧАНКА ГО ЗАПОЧНУВА ГОЛЕМИОТ „ЕКО АВАНТУРА“ КАРАВАН во предучилишните установи во цела Македонија

Компанијата Кожувчанка, препознатлива по својата долгорочна посветеност на квалитетот, заедницата и општествената одговорност, го најавува почетокот на големиот „Еко авантура“ караван – едукативен проект наменет за најмладите. Караванот ќе започне во Скопје,

Ливерпул со целосна поддршка за Арне Слот!

ФОТО: FC Liverpool/FB Нема ни најава, а уште помалку било каков отказ. Арне Слот и натаму ќе седи на клупата на Ливерпул. Раководството на “Редси“ му ја дава целосната поддршка на својот

Ѓорѓиевски: Разликата од 60.000 гласа е рекордна, очекувам победа во вториот круг

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, вечерва истакна дека разликата од 60.000 гласа помеѓу него и противкандидатот Амар Мециновиќ од Левица на првиот круг од локалните избори

ВИДЕО: Најмалку 20 загинати во голема полициска операција во квартови на Рио де Жанеиро

Најмалку 20 лица, меѓу кои и двајца полицајци, беа убиени во операција против организираниот криминал во Рио де Жанеиро денес, објави локалната самоуправа, неколку дена пред бразилскиот град да биде домаќин на
Go toTop