Таравари на средба со членовите на собранието на АА, крилото на Села бара смена на министрите Меџити и Алиу

February 8, 2024
1 min read

Продолжуваат тензиите во Алијансата за Албанците кои кулминираа по објавата на лидерот на партијата Арбен Таравари дека на изборите ќе се приклучат кон албанскиот опозициски блок. 

Од друга страна поранешниот партиски лидер Зијадин Села и дел од раководството и од пратениците на АА, сметаат дека партијата треба самостојно да настапи на изборите и го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела. 

Таравари доби поддршка од министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу, по што крилото на Села во кое е и министерот за правда кренар лога побара нивна смена и за нови министри во техничката влада ги предложи Илир Демири и Наим Бајрами. 

Таравари за денеска во Куманово закажа консултативна средба со членовите на собранието на партијата. Преку официјалниот мејл на Алијанса за Албанците, зад кое стои крилото на Села кој е претседавач на Собранието, пак, беше соопштено дека ова партиско тело, согласно статутот на партијата, закажа средба за в сабота.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врховниот суд одлучува дали Трамп може да се кандидира за претседател на САД

Следно

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуција за ситуацијата во Србија по изборите

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop