Таравари: Карадакоски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта и големата површина на изгореници

April 4, 2025
2 mins read

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Алексдандар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, беше истанато на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство.

-Со огромно жалење сакам да известам дека рано утрово еден од 116-те пациенти што беа испратени надвор од државата, Александар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, за жал, починал, рече Таравари на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство, изразувајќи воедно сочувство до семејството на Александар Карадакоски.

Тој посочи дека пацеиентот кој што почина беше на 29-годишна возраст, испратен е на лекување на 17 март, вториот ден по трагедијата во Кочани, а првично бил хоспитализиран во Градската болница во Скопје.

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св Наум Охридски“ Небојша Настов информира подетално за процесот на лекување на Карадаковски и за степенот на повредите на кои што им подлегнал.

  • Пациентот е примен во нашата установа околу 6 часот изутрината, после настанот во Кочани. Во текот на денот доаѓа до влошување на неговата состојба. Во попладневните часови има потеба од интубација, односно обезбедување на механичка вентилација и поставен е на апарати за вештачко дишење. Генерално се продолжува со негово интензивно лекување и обработка на изгорениците, кои мора да напоменам воопшто не беа мали. Вкупната површина на изгореници е околу 36 проценти, претежно во пределот на главата, вратот и горните екстремитети од втор и трет степен. И заради чадот кој го вдишал доаѓа до оштетување на внатрешните дишни органи што е потврдено и од колегите од Литванија во разговор со нашите анестезиолози при брифирање за состојбата на паицнетот, што редовно се одвуваше на секој ден или два. Утврдено е со броинхоспско испитување дека е оштететно голем дел од бронхоскопското стебло и како последица на тоа доаѓа до влошување на состојбата што резултирала со подлегнување на повредите, рече директорот Настов.

Тој воедно потенцира дека 24 часа од приемот во болницата, Карадаковски бил префрлен на лекување во Литванија со медицински санитетски авион. Како директна причина за смрта го наведе директоното оштетување на дишните патишта од чадот кој што е вдишан.

Таравари нагласи дека Карадакоски всушност бил најтешкиот пациент од оние кои се лекуваа во странство.

-На 1 април му откажале бубрезите, беше ставен на дијализа, имаше температура. Практично рани на приближно 36 отсто на телото, од втор и трет степен што остава простор за појава на инфекции, плус изгореници на дишните патишта од 90 проценти што не обезбедуваат содветна размена на гасови, рече Таравари.

За транспортиот на телото на починатиот се е организирано, а обдукацијата ќе биде направена во Скопје.

Таравари на прес-конференцијата информира дека остануваат 78 пацинети од вкупно 193 повредени во трагедијата во Кочани кои се на лекување. Од нив моментално во државата се лекуваат 14 пациенти, од кои пет ќе бидат испишани, тие се стабилни, во добра состоија и ќе се лекуваат дома, а девет остануваат во болниците во Скопје.

Денеска се очекува да се вратат шест нови пациенти кои се во стабилна состојба – по двајца од Бугарија, Унгарија и од Шпанија. Според протоколките, тие 24 часа ќе престојуваат во нашите болници од каде биле испратени и потоа ќе бидат пуштени на домашно лекување.

-Практично надвор од државата остануваат само 69 пациенти од кои три, за жал, се во критична и нестабилна состојба. Добро е што од впуно 193 веќе 118 се лекуваат во домашни услови и се добри и сите се во добра состојба. Надвор од државата генерално повеќето се во стабилна и добра состојба, се најавуваат повеќе пацинети кои ќе се вратат во наредните 3-4 дена, информира Таравари.

На новинарско прашање, министерот кажа дека од 69 пациенти кои се надвор на лекување, 20 пациенти се интубирани.

Извори од МНР за МИА, порано денеска информираа дека е започната процедурата за враќање на телото на Карадакоски.

Тој е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, годинава.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Де Брујн се збогуваше со Манчестер сити!

Следно

Милошевски: Македонија била инспирација за голем број странски сликари на преминот од 19 во 20 век

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop