Таравари: Ја укинавме забраната од 2022 година, лекарите ќе може од приватното здравство да се вратат во јавното

October 4, 2024
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска рече дека е укината забраната дека докторите од приваните клиники не може да се вратат во јавното здравство.

„Имаше забрана од август 2022 година според која докторите од приатните клиники не може да се вратат во државните. Пред три недели на Влада ја поминавме одлуката да се тргне оваа забрана. Тоа нема да важи за сите доктори, туку само за докторите специјалисти по одредена дејност и специјалисти фармацевти и стоматолози. Меѓутоа директорот на клиниката треба само да каже дека има потреба од такви кадри. Полека почнува да ги враќаме докторите во јавното здравство“, рече Таравари.

За оваа тема вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше и лидерот на СДСМ, Венко Филипче кој рече дека не е точна информацијата за вработување на 600 лекари поради забраната.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Холандија во фокус на 14 издание на „Здраво млади“

Следно

Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните

Latest from Blog

Четири знака кои откриваат дека партнерот повеќе не е заинтересиран за врската или бракот

Секоја врска поминува низ фази, но ако  почувствувате дека нешто се променило и дека топлината и блискоста повеќе не се присутни, можно е интересот од другата страна да се намалил. Препознавањето на

Таму и кралот оди пешки- принцот Вилијам снимен во јавен тоалет на Копакабана (ВИДЕО)

43-годишниот принц од Велс имаше голем број активности за време на неговата посета на Бразил оваа недела, вклучувајќи прошетка околу островот Пакета и посета на статуата на Христос Спасителот. Но, помеѓу посетата
Go toTop