Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните

October 4, 2024
1 min read

Државата нема да се фаворизира трет оператор, ако одиме со трет оператор нема да одиме со непосредна спогодба, туку ќе одиме со отворен тендер согласно Законот за јавни набави и ќе се натпреваруваат сите заинтересирани компании, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот “ Каде се парите”.

Тој во поткастот исто така вели дека е дојдено време кога граѓаните мора да добијат поевтини цени и квалитетни услуги и дека повеќе е недозволив дуополот што го прават двата мобилни оператори.

“Јас сметам дека доколку двата постојни оператори ги намалат цените, ги подобрат услугите и почнат да се натпреваруваат меѓу себе, ќе нема место за трет оператор. Ако останат вака тврдоглави како сега, ќе има голем простор за трет оператор и ова не е заплашување, јас сум само реален. Прошетајте низ Скопје ќе видите згради кои имаат мрежа само од едниот или од другиот оператор. Дигитализацијата на националните телевизии ја прави само еден оператор, другиот не нуди услуги. Распишуваме тендер во министерството, само еден оператор се јавува. Класичен договор е тоа, никој не е наивен” истакна министерот Николоски.

“Вие излеговте со листа на 100 нјауспешни компании по профит. Секоја година на таа листа, па и годинава е една компанија со еден вработен се вика “Kамени мост комуникации”. Може ли еден од двата оператори да ни кажат како се поврзани со оваа компанија и колку државата е оштетена од работењето во оваа компанија. Оваа година имаат прикажано добивка од 16 милиони евра” додаде Николоски во поткастот.

Министерот исто така додаде дека доколку државата одлучи да распише тендер за трет мобилен оператор, повикот ќе се однесува за класичен оператор со мрежни базни станици како и сегашните два кои што работат на домашниот пазар. Тој потенцираше дека ова е со цел зголемување на конкуренцијата и намалување на цените за граѓаните.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Ја укинавме забраната од 2022 година, лекарите ќе може од приватното здравство да се вратат во јавното

Следно

Премиерот на Федерацијата на БиХ, Никшиќ: За жал, има човечки жртви во поплавите

Latest from Blog

Проданоски: Работниците се движечка сила на развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот – Први Мај, истакнувајќи дека овој празник е симбол на достоинството, правата и придонесот на работниците

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Уапсен е педофил, кој 37 години се криел на Филипините- киднапирал и силувал 7- годишно девојче

13-тиот окружен суд во округот Хилсборо, Флорида, издаде налог за апсење на Талмаџ во март 2025 година, според соопштението за медиумите од Филипинското биро за имиграција (BI) и онлајн записите добиени од

„Шумарите“ за пенал подобри од Астон Вила, Кристал Палас чекори кон финале во КЛ (ВИДЕО)

Нотингем Форест славеше минимално со 1:0 во големото англиско дерби во полуфиналето на Лигата на Европа. Вечерва во еден навистина цврст натпревар, популарните „шумари“ дојдоа до минимална победа благодарение на досудениот пенал
Go toTop