Таравари до амбасадорите: Да ги засукаме ракавите и да им објавиме војна на партизацијата и корупцијата

February 4, 2023
3 mins read

Заедно да кренеме западен фронт за европеизација на земјата. Ова е повикот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Тараври, пратен преку отворено писмо до амбасадорите на ЕУ, САД и земјите членки на ЕУ во земјава

Во писмото Тараври вели дека е загрижен поради, како што вели, чумата на корупцијата што ја зафати секоја пора на општеството и затоа ги повикува амбасадорите „заеднички да ги засукаме ракавите и да им објавиме војна на партизацијата на правдата и на корумпираните на секое ниво на власт“

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ги повика амбасадорите на Европската Унија, САД и на земјите членки на ЕУ акредитирани во Македонија заедно да кренат „западен фронт за европеизација на земјата“. Повикот го прати преку отворено писмо во кое вели дека го загрижува чумата на корупцијата што ја зафати секоја пора на општеството.

„Искористувајќи ја смиреноста на овој зимски викенд, Ви се обраќам преку ова отворено писмо да ве замолам заедно да кренеме западен фронт за европеизација на земјата, а не со празни пароли на политичарите од кои граѓаните на државата се уморни и разочарани и кои масовно ни бегаат кон Европа, туку со конкретни акции за решавање на нивната главна грижа која ги потопи и последните надежи дека во оваа земја некогаш може да биде добро за нив и за идните генерации. Оваа нивна, моја, но и ваша грижа е чумата на корупцијата која ја зафати секоја пора на општеството, особено во врвот на власта каде што партиските апаратчици се недопирливи. Тие се недопирливи бидејќи партизираната и корумпирана правда им гарантира имунитет, дури и во случаите што ги отвори Организацијата на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) за злоупотреба на милиони со парите на европскиот даночен обврзник“,

стои во писмото на Таравари.

Таравари вели дека поминале четири години откако поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски бил фатен како заговара коруптивен тендер вреден седум милиони евра финансиран од Европската банка за обнова и развој. Потсетува и дека поминале четири години откако поранешниот државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахиу бил фатен како прима поткуп од 40 000 евра за да намести тендер вреден милион евра од ИПА-фондовите. Таравари потсети и на други случаи.

„Пред речиси три години беше откриено дека директорката на Агенцијата за европски образовни програми Лидија Димова (СДСМ), злоупотребила стотици илјади евра од Еразмус+ фондовите и други европски образовни програми, на име на грантови за обука на магариња, коњи и фризерство. Таа го обвини нејзиниот претходник Дарко Димитров (ВМРО-ДПМНЕ), дека во периодот 2016-2019 година злоупотребил 2,2 милиони евра од Еразмус+, коруптивно префрлувајќи ги на некои криминални здруженија. Здравиот разум би рекол дека Северна Македонија, како земја која чека да ги отвори преговорите за членство во Европската Унија, со парите на европските даночни обврзници ќе ги решеше овие случаи на корупција со најголем приоритет, за да испрати порака дека земјата применува политика на нула толеранција кон злоупотребите на европските фондови. Вистината е сосема поинаква. Повиците на извештаите за прогресот/напредокот, за конечни пресуди во случаите на корупција на високо ниво остануваат мртва буква и сите овие корумпирани функционери шетаат слободно“,

пишува Таравари.

Според него, ова е слика за заробениот правосуден систем и смета дека и покрај милионите вложени во судството и обвинителството од страна на ЕУ и САД, партизираните и корумпирани судии и обвинители им обезбедуваат неказнивост на високите функционери на политичките партии.

„И кога неказнивоста е правило дури и кога се злоупотребуваат европските фондови, што да очекуваат нашите бизниси и граѓани кога им се прекршуваат правата или им се наметнува поткуп од државните функционери? Како земја која има за цел да влезе во ЕУ, Северна Македонија треба да го има владеењето на правото како примарна цел. На европскиот даночен обврзник и инвеститор мора да му се гарантира европски стандард во правото: судот во Тетово и судот во Велес мора да гарантираат иста примена на европските закони како судот во Франкфурт или судот во Мадрид. Во спротивно, членството на земјата во ЕУ нема смисла и Северна Македонија не може да стане Европа“,

вели тој.

Потоа Таравари ги повикува амбасадорите на западните земји „заеднички да ги засукаме ракавите и да им објавиме војна на партизацијата на правдата и на корумпираните на секое ниво на власт“.

„Решението е едноставно и со некои од вас детално го имам дискутирано во рамките на пакетот за владеење на правото што го подготвија експертите на Алијанса за Албанците. Според нас, борбата против криминалот и корупцијата на високо ниво треба да се фокусира на три главни оски:

1. Ветинг во правосудството, во политиката и во администрацијата;

2. Конфискација на незаконски стекнат имот;

3. Дуплирање на инвестициите во правосудството и институциите за борба против корупцијата за да се обезбеди нивната независност и ефективност“,

стои во писмото на Таравари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Млади лица заглавиле на Попова Шапка, ги спасиле со ратрак

Следно

Ливерпул со нов пораз, Јунајтед победи против Кристал Палас

Latest from Blog

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, порача новата Заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,

Силно светнал ден

По повод 85 години од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин, Рацин.мк го објавува првиот фељтон посветен на оваа клучна книга со којашто ѝ се отвори патот на современата македонска

Кавга меѓу Меџити и Витина за 6. еколошки автобуси кои допрва треба да возат по скопските улици

Министерот за животна средина Изет Меџити денеска се пофали дека со помош на Европската Унија се обезбедени 6 еколошки автобуси и дека тие во текот на оваа недела ќе бидат донирани на

Продолжува судскиот процес за двојното убиство: Кешишев го смени исказот

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски. На претходните рочишта неколкумина, меѓу кои и човекот кој го возел Палевски во
Go toTop