Таравари: 64 повредени се лекуваат во државните болници, 13 во приватните, а 101 пациент се згрижени во странство

March 19, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека сите повредени од пожарот во Кочани се во релативно стабилна состојба и дека нема починати пациенти.

„Во моментов, 64 лица се лекуваат во јавните здравствени установи, 13 во приватни болници, а 101 пациент се згрижени во медицински центри во странство. Вчера заедно со министерот за надворешни работи ги посетив повредените во Солун и Софија. Двајца пациенти во Софија веќе се екстубирани, а денеска се очекува уште двајца“, изјави Таравари.

Тој додаде дека денеска е последниот транспорт на пациенти во странство и најави постепено враќање во нормала на хируршките клиники.

„Од денеска хируршките клиники ќе почнат со работа за онколошките пациенти, а од утре се очекува нормализирање на сите редовни медицински услуги“, рече Таравари.

Во моментов, во Клиничкиот центар се хоспитализирани 35 пациенти, од кои шест се на КАРИЛ, четворица на детска хирургија, а останатите се распоредени на пластична хирургија, трауматологија, торакална и васкуларна хирургија, токсикологија, пулмологија и офталмологија. Во ГОБ „8 Септември“ се сместени 15 пациенти, во Стара градска болница 11, а во Клиничката болница во Штип тројца пациенти, од кои двајца денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Инаку, во моментов на лекување во Србија се 30 пациенти, Бугарија се 15, во Грција 12, во Турција 9, во Унгарија 6, во Австрија 6, во Хрватска 5, во Словенија 4, во Литванија 4, во Белгија 4, во Италија 4 и во Полска 2 пациенти.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Следно

ВИДЕО Едниот насмеан, другиот со спуштена глава – во суд пристигнуваат уапсените полицајци во врска со несреќата во Кочани

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop