„Танц Фест“ доаѓа во Битола со програма на повеќе локации

March 13, 2026
1 min read

Во Битола денес е потпишан договор за соработка помеѓу Општина Битола и Интерарт културниот центар, за програмата на Танц Фест 2026 која ќе се оддржи на неколку локации низ градот.

За прв пат Танц Фест ќе има официјално затварање во Битола, кое ќе се случи на сцената на Народниот театар во Битола.
Фестивалската програма во Битола започнува со експериментално отворање, во соработка со Францускиот институт и Месецот на франкофонијата, со претставата “Процеп” на француската компанија “Ка-данс” која го истражува односот помеѓу современиот танц и новите технологии, додека 5 мај ќе биде резервиран за спектакуларното затворање со претставата “Будење” на Скопје танцовиот театар.

Битола ќе биде домаќин на дел од VR програмата на Танц Фест, која ќе се реализира во април, нудејќи на публиката уникатно искуство на современи танцови продукции во виртуелна реалност. Овие проекти ја отвораат сцената за нови форми на перформативна уметност, каде танцот се спојува со дигиталните технологии и им овозможува на гледачите поинаков начин на доживување на движењето и просторот.

Со оваа соработка, Битола се поставува на фестивалската мапа, како еден од лидерите кои ги препознаваат новите технологии во изведбените уметности.
Соработката воедно придонесува за децентрализација на културните настани и отворање на нови можности за локалната публика да се запознае со современите светски текови во танцовата уметност.

Танц Фест Скопје веќе 22 години претставува една од најзначајните платформи за современ танц во регионот, носејќи во Македонија реномирани уметници и продукции од Европа и светот, како и поддржувајќи нови генерации домашни автори и танчери.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берзанска сесија со 18,75 милиони денари промет, ОМБ индексот без промени

Следно

Лукашенко ги предупреди Украина и НАТО да не ја провоцираат Белорусија, бидејќи може да употреби ракети Орешник

Latest from Blog

Коњановски: Нови спортски терени за учениците во Горно Оризари

Денеска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со пратеникот Пеце Милевски и одговорните за проектот, изврши увид во градежните работи на започнатата реконструкција на спортските терени во подрачното училиште „Тодор Ангелевски“

Градоначалникот на Прилеп повика на поширока дебата за бездомните кучиња

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, повика на поширока јавна дебата за справување со проблемот со кучињата скитници, откако на денешната седница на Советот на Општина Прилеп се дискутираше за предлогот за утврдување
Go toTop