Талат Џафери ќе биде премиер на техничката влада, одлучи ДУИ

December 8, 2023
1 min read

Како што пред една недела објави „360 степени“, најсериозната варијанта за спроведување на политичкиот договор постигнат меѓу Зоран Заев и Али Ахмети во 2020 година, во пресрет на парламентарните и претседателските избори в година е Талат Џафери од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред избори, а Јован Митрески од СДСМ – нов претседател на Собранието

Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец во Северна Македонија, одлучи Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок во партиското седиште.

Информацијата на својот фејсбук профил ја објави портпаролот на партијата и министер за надворешни работи, Бујар Османи.

„Талат Џафери – Првиот албански премиер! Речено, направено!“,

напиша Османи.

Османи ги објави и другите одлуки од состанокот на партиското Претседателство во Мала Речица во врска со учеството на ДУИ на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.

„Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори“,

објави Османи на Фејсбук.

Како што пред една недела објави „360 степени“, најсериозната варијанта за спроведување на политичкиот договор постигнат меѓу Зоран Заев и Али Ахмети во 2020 година, во пресрет на парламентарните и претседателските избори в година е Талат Џафери од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред избори, а Јован Митрески од СДСМ – нов претседател на Собранието. Со ова решение, според извор на ,,360 степени” во владејачката коалиција, би се постигнал баланс во распределбата на врвните функции во власта, ДУИ не би имала и премиер и претседател на парламентот во исто време, во случај да не се избере шеф на државата, в.д. претседател би бил етнички Македонец.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 200.000 брзи кредити во 2022 година – Ајдини: Да се ограничи каматата, да се воведат повеќе контроли

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери!

Latest from Blog

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на

Тоти минал низ вистински пекол по пензионирањето: „Се чувствував како да сум сам сред океан“

Легендата на Рома, Франческо Тоти, во интервју за „Кориере дела Сера“ зборуваше за тешкиот период по завршувањето на кариерата, загубата на татко му и можноста повторно да добие функција во римскиот клуб.
Go toTop