Тајфун Кратон во Тајван: Две лица загинаа, над 100 се повредени

October 3, 2024
1 min read

ТАЈПЕЈ (АА) – Силниот тајфун Кратон го погоди Тајван, при што загинаа две лица, а повеќе од 100 се повредени, објавија локалните медиуми денес, пренесува Анадолу.

Тајфунот донесе силен ветер и дожд, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата и канцелариите во сите градови и окрузи втор ден по ред, објави веб-страницата „Фокус Тајван“.

Две лица загинаа, а 102 се повредени, додека две се водат за исчезнати, изјави тајвански официјален претставник.

Поради силните ветрови и дождови, 58.109 домаќинства привремено останаа без струја – иако снабдувањето подоцна беше обновено, 3.490 домови сѐ уште се без струја, соопшти Министерството за економија.

Операторот на тајванскиот Меѓународен аеродром Таојуан соопшти дека досега се откажани повеќе од 200 летови.

Приватните бизниси, вклучувајќи ја и тајванската берза, останаа затворени денес.

Во некои делови на Тајван се забележани и свлечишта, поради што беше попречен сообраќајот и блокирани се патиштата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: ДЗР констатира – Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Следно

Извештајот за работата на Судскиот совет пред собраниска Комисија

Latest from Blog

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат
Go toTop