СЗО: Во Централна Газа вакцинирани над 187.000 деца против детска парализа

September 4, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денес изјави дека првата фаза од вакцинацијата против детска парализа во Централна Газа е завршена, со повеќе од 187.000 вакцинирани деца, јавува Анадолу.

Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа X истакна дека бројот на вакцинирани деца е многу поголем од поставената цел за вакцинирање на 156.500 деца.

„На четири конкретни локации во Централна Газа и понатаму ќе се спроведува вакцинирање против детска парализа во следните три дена за да се осигури дека не е пропуштено некое дете“, рече Тедрос.

Тој истакна дека денес се во тек подготовките за започнување на кампањата за вакцинирање во Јужна Газа што ќе започне утре. Распределбата на првите дози ќе се спроведе откако кампањата за вакцинирање ќе помине три и евентуално уште еден ден во северната зона.

„Ние сме благодарни за посветеноста на сите семејства, здравствените работници и лицата што вакцинираат и кои го направија овој дел од кампањата успешен и покрај тешките услови во Појасот Газа“, рече тој.

„Продолжуваме да повикуваме на прекин на огнот“, додаде тој.

Итноста да се спроведе оваа кампања беше поттикната по потврдувањето на случај на детска парализа кај 10-месечно дете минатиот месец во Газа, прв по 25 години.

Кампањата за вакцинирање против детска парализа се одвива при континуираните воени напади на Израел врз Газа, во кои починаа над 40.700 Палестинци од упадот на Хамас минатиот октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорот на Република Словенија, Ѓиле Вишај

Следно

Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop