СЗО: Во декември од Ковид-19 починале 10.000 луѓе

January 11, 2024
1 min read

Бројот на пријавени инфекции и болнички лекувања расте, само во декември починале околу 10.000 луѓе. За време на божиќните и новогодишните празници, поради многуте семејни и масовни собири и забави, е значајно пораснат бројот на заразени со коронавирус, алармираат од Светската здравствена организација. Оттаму упатуваат повик до луѓето во цел свет да продолжат со вакцинирање, да носат маски во затворени простории и да се грижат за добро проветрување.

Бројките на болнички стационирани заразени лица со коронавирус  кои стигнуваат до СЗО расте, во декември е забележано зголемување од 42 проценти во однос на ноември, а бројот на пациенти со Ковид на одделенијата за интензивна нега е покачен за 62 проценти. Овие бројки се базираат на добиени информации од 50 земји од Европа и Северна и Јужна Америка, истакна Тедрос, но се смета дека бројот на инфекции се зголемува и во други земји, но тие веќе не ја информираат Светската здравствена организација. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Јужна Африка обвинува дека врши геноцид во Газа

Следно

Мицотакис: Предлог-законот за истополови бракови нема да вклучува сурогат мајчинство

Latest from Blog

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и
Go toTop