СЗО: Ситуацијата во болниците во Газа е застрашувачка, многу цивили ги губат своите животи

December 26, 2023
1 min read

Кејси нагласи дека има премногу луѓе во болниците и затоа е многу важно да се спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на отворање хуманитарни коридори

Координаторот на тимот за итна медицинска помош при Светската здравствена организација (СЗО), Шон Кејси, денеска во Газа изјави дека ситуацијата во болниците на палестинската енклава е застрашувачка.

Тој посочи дека здравствените установи во Појасот Газа се преоптоварени, а многу од нив се целосно затворени, пренесе Ал Џезира.

Кејси во изјава за катарските медиуми истакна дека непријателствата во енклавата продолжија во последните денови и покрај минатонеделната резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се бара зголемување на хуманитарната помош.

„Ја посетив болницата ‘Ал Акса’, во централниот дел на Газа, која претходната ноќ прими повеќе од 100 повредени, а многу од донесените веќе беа мртви“,

рече тој.

Кејси нагласи дека има премногу луѓе во болниците и затоа е многу важно да се спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на отворање хуманитарни коридори.

„Ситуацијата е критична и навистина е важно да се реализира, бидејќи гледаме дека многу цивили ги губат своите животи, дека болниците ја губат функционалноста, дека здравствените работници или заминале или не се во можност да се грижат за многу пациенти кои чекаат нивна помош“,

рече Кејси.

На 22 декември, Советот за безбедност на Обединетите нации усвои изменет, ублажен текст на резолуцијата за Појасот Газа, која бараше итно забрзување на испораката на помош за цивилите во палестинската енклава, но од која повикот за „итно прекинување на непријателствата“ меѓу Израел и Хамас е отфрлен.

При гласањето за оваа резолуција, 13 членки беа за, додека САД и Русија беа воздржани. Ублажената резолуција повикува на „итни чекори за веднаш да се обезбеди безбеден и непречен хуманитарен пристап, како и да се создадат услови за одржлив прекин на непријателствата“. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Захарова: Западот ја уценува Србија да не соработува со Русија

Следно

Струјата поевтинува по нова година, со сметките ќе се плаќа 200 денари за пристап кон мрежа

Latest from Blog

„Лица“ – изложба на Ангел Коруновски за борбата на поединецот во современото општество

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како

Кејн со секој натпревар урива по некој рекорд, сега го собори оној на Робен

фото: FC Bayern Munchen (X) Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол на вчерашниот натпревар против Хајденхајм (4-0) во 15-то коло од Бундеслигата, поставувајќи рекорд во германската лига. Англичанецот со вчерашниот

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, голема данска полуавтономна територија за која претходно рече дека САД треба да

СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку
Go toTop