СВР Велес со детали за сообраќајката на патот Велес – с. Извор во која се повредени 16 лица

November 10, 2023
1 min read

реклама


Од Секторот за внатрешни работи Велес вечерва во изјава соопштија детали за сообраќајната несреќа што се случила денеска на регионалниот пат Велес-село Извор, во која биле повредени 16 лица, од кои две се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Како што информираат од СВР Велес, денеска во 14:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – село Извор во близина на крстосница за село Војница се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од 57-годишнот Б.Н. од Скопје и комби „Фолксфаген“ со велешки регистарски таблици управувано од 65-годишен О.Ј. од село Побожје, општина Чучер Сандево.

реклама

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска, во несреќата со повреди се здобиле возачот на комбито и 13 патници, како и возачот на товарното возило и сопатникот во товарното возило, на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес.

По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити апелира да се објават имиња – ОЈО повикува случајот со Онкологија да не се користи за политички цели

Следно

Касами: Избори што побрзо, македонската химна мора да ја рефлектира реалноста во државата

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во
Go toTop