Светските реакции на тарифите на Трамп се преполни со гнев, разочарување и најави за контрамерки

April 3, 2025
2 mins read

Она што со недели се најавуваше, конечно се исполни. Американската администрација воведе санкции на глобално ниво. За некоја држава поголеми, за некоја помали, но ниту една не остана поштедена од новите тарифи на Доналд Трамп.

Со новите мерки, увозот од Кина, кој веќе подлежи на царини од 20 отсто, во иднина ќе има дополнителни давачки од 34 отсто, 24 отсто за увоз од Јапонија, 26 отсто од Индија, 25 отсто од Јужна Кореја и 20 отсто од Европската унија. Поштедена не е ниту Македонија за која се воведуваат царини од 33 отсто.

„Ова ќе биде ден за кој се надевам дека во годините што доаѓаат ќе се осврнете назад и ќе кажете: „Знаете, тој беше во право. Навистина се покажа како еден од најважните денови во историјата на нашата земја. Реципрочни. Тоа значи дека тоа што тие ни го прават тоа нам, ќе им го правиме истото и ним. Многу едноставно. Не може да биде поедноставно од тоа.“ – Доналд Трамп претседател на САД.

Во меѓувреме, Американскиот Сенат изгласа закон со кој се укинуваат новите царини наметнати на Канада. Гласањето се одржа само неколку часа откако Трамп воведе опсежни тарифи за увозните производи од најголемиот дел држави во светот. Ваквата одлука воедно претставува и удар за Трамп, бидејќи четворица републикански сенатори се приклучија кон демократите во поддршката на одлуката. 

Веднаш по објава на мерките, со реакции се јавија речиси сите светски лидери. За шефицата на европската комисија новите царини претставуваат тежок удар за светската економија, но порача и дека Унијата подготвува контрамерки доколку не успеат преговорите.

„Глобалната економија ќе претрпи сериозни штети, неизвесноста ќе се зголеми, а тоа ќе предизвика нов бран протекционизам. Последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе низ светот, особено за најранливите економии, кои сега ќе бидат погодени од највисоките американски царини.“ – Урсула вон дер Лајен претседателка на Европската комисија. 

Францускиот претседател Емануел Макрон свика итна средба во Елисејската палата со претставници на сите економски сектори погодени од новите американски царини. Од британската влада велат дека се фокусирани на преговори за економски договор со САД кој ќе ги зачува избалансираните трговски односи.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, кој се смета за близок соработник со американскиот претседател, изјави дека царините наметнати од неговата администрација се погрешни и нема да бидат од корист за САД.

„Ќе направиме се што можеме за да постигнеме договор со САД, со цел да се избегне трговска војна што неизбежно ќе го ослабне Западот во корист на другите светски играчи.“ – Џорџа Мелони премиер на Италија.

За Австралискиот премиер Ентони Албанезе новите американски царини се целосно неоправдани“, и дека тие ќе ја променат перцепцијата за односите меѓу двете држави. Од Кинеското Министерство за трговија пак ги повикува САД веднаш да ги повлечат овие еднострани царински мерки и соодветно да ги решат трговските спорови преку дијалог.

„Кина цврсто се противи на овој потег и ќе преземе решителни контрамерки за да ги заштити своите права и интереси.“ – министерство за трговија на Кина.

Во однос на земјите од регионот, Србија е меѓу државите за кои американската администрација воведе највисоки царини. Според Белата куќа, ваквата одлука се должи на фактот дека Србија има царини во висина од 74 проценти за сите американски производи. Од другите држави, за Косово и Албанија се воведуваа тарифи во висина од 10 проценти.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелскиот премиер рече дека ќе ја заштити Европа од „иранската оска на злото“

Следно

Мицотакис: Никој нема да има корист од глобалната трговска војна

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните
Go toTop