Светските лидери со честитки до Ердоган: „Турскиот народ ја покажа вербата во својот лидер“

May 15, 2023
1 min read

БАКУ (АА)

Светските лидери денес упатија честитки до претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган за демократските избори што вчера се одржаа во Туркије и за освојувањето на мнозинство гласови на претседателските и парламентарни избори, пренесува Анадолу.

Меѓу првите светски лидери кои упатија честитки до Ердоган се претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, и претседателот на Узбекистан, Шевкет Мирзијоев.

– Алиев: Турскиот народ и на овие избори ја покажа вербата во својот лидер

Претседателот на Азербејџан Алијев му честиташе на турскиот претседател Ердоган и на Народната алијанса за освојувањето на мнозинството гласови на претседателските и парламентарните избори што вчера се одржаа во Туркије.

Според соопштението на азербејџанското Претседателство, Алијев телефонски упатил честитки до Ердоган.

Алијев истакна дека Туркије под водство на Ердоган доживеала голем напредок и како манифестација на тоа, братскиот турски народ и на овие избори ја покажал својата верба во својот лидер.

Ердоган му се заблагодари на Алијев за интересот и за честитките.

Во разговорот, лидерите уште еднаш истакнаа дека пријателството и братските односи меѓу двете земји се трајни и непоколебливи.

– Мирзијоев: Широка поддршка за политичките промени и економски реформи под водство на Ердоган

И претседателот на Узбекистан, Шевкет Мирзијоев, упати честитки до Ердоган по повод успешните претседателски и парламентарни избори што вчера се одржаа во Туркије.

Според соопштението на Канцеларијата на претседателот на Узбекистан, Мирзијоев телефонски го побарал Ердоган и упатил честитки поради успешните претседателски и парламентарни избори.

Во телефонскиот разговор Мирзијоев рече дека изборните резултати се показател за широката поддршка на братскиот народ на Туркије за политички промени и економски реформи под водство на претседателот Ердоган.

Во текот на разговорот, лидерите разговараа за прашања поврзани со стратешкото партнерство меѓу Узбекистан и Туркије и за натамошниот развој на мултилатералната соработка, како и за прашања поврзани со подготовката за следниот состанок на Советот за стратешко партнерство на високо ниво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Преку боледување, погача

Следно

Mrs. Harris Goes To Paris nga data 19 qershor, vetëm në SkyShowtime

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop