СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА СТОЛЕВСКИ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА ХОРИЗОНТИ ВО ВЕНЕЦИЈА

July 25, 2023
1 min read

„Домаќинство за почетници“, третиот филм, а прв македонски, на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски ќе има светска премиера во селекцијата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција, соопшти денеска фестивалот.

Столевски, кому ова му е трет филм за две години, е автор на наградуваните „Нема да си сама“ кој беше и австралиски кандидат за Оскар годинава, и на „Доволно возрасни“ (како што беше преведен на Синедејс, односно „За некоја година“ како што претпочита авторот).

„Домаќинство за почетници“ беше поддржан од македонската Агенција за филм на конкурсот во 2020 со 350.000 евра, меѓу четворица дебитанти. Филмот се снимаше лани во Скопје, а играат Сара Климоска, прочуената романска актерка Ана Марија Маринка и германската Алина Шербан.

Директорт на Венеција Алберто Барбера, кој денеска ја објави селекцијата на годинешното 80. издание на фестивалот, рече дека филмот на Столевски е ведро истражување за тоа што значи денес семејството на Балканот, за родителството и за тоа што значи да си геј и Ром на овие простори. Барбера рече дека Столевски истражува една нова форма на семејна утопија на еден возбудлив и ангажиран начин.

Откако во 1994 „Пред дождот“ на Милчо Манчевски го освои Златниот лав во главната селекција, а во 2001 неговиот филм „Прашина“ го отвори фестивалот и во 2013 со „Четврток“ по повод 70-годишнината на Мостра беше поканет во екипата режисери да сними краток филм, ова е третпат македонски филм да биде во програмата на Венеција – лани Теона Митевска со „Најсреќниот човек на светот“ беше исто во Хоризонти, во 2002 „Судијата“ на Жанета Вангели беше во една во специјалните програми. Во 2012, Манчевски беше во жирито токму во селекцијата Хоризонти.

Претседател на жирито на Хоризонти годинава е италијанскиот режисер, сценарист и продуцент Јонас Карпињано. Со жирито за престижниот Златен лав претседатава американскиот оскаровец Дамиен Чазел, а меѓу членовите се и режисерите Џејн Кемпион, Миа Хансен-Лове, Мартин Мекдона, Лаура Поитрас, Сантјаго Митре.

Венеција годинава отвора на 30 август, со „Командаторе“ на италијанскиот автор Едоардо де Анџелис, откако Нетфликс го повлече „Предизвикувачи“ на Лука Гвадањино поради штрајкот на холивудските актери.  Фестивалот ќе трае до 9 септември.

М. КОСТОВА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Русија тврди дека Украина се обидела да нападне патролен брод во Црно Море

Следно

Касетната лицемерност на нео-либералите

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop