Светска банка: Економијата на Газа поради израелските напади опадна за над 80 отсто

February 23, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Економијата на Газа во четвртото тримесечје од минатата година се намали за повеќе од 80 отсто поради израелските напади, објави Светска банка, јавува Анадолу.

Во извештајот банката наведе дека нападите врз палестинската енклава од октомври доведоа до огромна загуба на животи и дека последиците од судирот врз палестинската економија се последователни.

БДП падна од приближно 670 милиони долари во третиот квартал на приближно 90 милиони долари во четвртиот квартал, се вели во извештајот.

Соопштено е дека палестинската економија доживеала еден од најголемите шокови забележани во поновата економска историја од почетокот на судирот.

„Речиси цела економска активност во Газа е запрена. Се очекува конфликтот да остави трајни последици врз погоденото население во Израел, Газа и Западниот Брег, далеку над секоја економска процена“, се соопштува.

Во извештајот се наведува и дека околу 1,7 милиони Палестинци кои живеат во Газа, околу 75 отсто од вкупното население на Газа, се внатрешно раселени, а целото население од 2,3 милиони страда од недостиг на храна, вода, струја, гориво и лекови.

„Забележаното ниво на предизвикана штета и разореност на основните средства е катастрофално“, се додава.

Бројот на загинати Палестинци во смртоносната офанзива на Израел, обвинет за геноцид, врз Појасот Газа, според податоците од утринава, се зголеми на 29.514.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивања, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива 85 отсто од населението на Појасот Газа се внатрешно раселени и се соочуваат со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетенa или уништенa.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто актерите Линдзи Лохан и Долф Лундгрен бараат оставка од молдавската претседателка?

Следно

Во Велика Британија запленети рекордни 5,7 тони кокаин

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop