Суво и многу студено време со минусни температури до среда

January 21, 2024
1 min read

Синоптичарите најавуваат суво и многу студено време со ниски температури и услови за појава на магла. Најстудено ќе биде во понеделник и вторник наутро. 

Од понеделник до средината на неделата, времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури.

Наутро, температурата насекаде ќе биде негативна и наместа, пред сѐ во Малешевијата, ќе се спушти и под минус 15 степени. 

Дневната температура во следните денови постепено ќе се зголеми и од среда, во најголем дел од местата, ќе биде над нулата.

Во Скопје, утринската температура на почетокот од работната недела во делови од регионот ќе се спушти и до минус 15 степени.

Поради многу студеното време, формираната снежна покривка нема да се менува многу. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Родителскиот додаток за првороденото дете во Србија ќе изнесува повеќе од 4.000 евра, а за второ над 5.000 евра

Следно

Манчестер Јунајтед назначи генерален директор од Манчестер Сити

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop