Супермаркетите во Грција ги симнуваат цените на 2.180 производи по интервенција на Владата

October 15, 2025
1 min read

Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА.

Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината цел е да ги убеди трговските синџири да го намалат својот просечен профит кај овие производи во полза на општеството, а особено на ранливите групи.

Телевизијата Скај прецизира дека намалувањето опфаќа 2.180 производи, од кои 1.074 се прехранбени производи, а 1.106 се од други категории. Од вкупниот број, 1.356 се сопствени брендови на синџирите, додека 824 се брендови на други компании. Намалените производи опфаќаат околу 10 отсто од вкупниот асортиман во супермаркетите.

Новинарот Никос Филипидис за Скај соопшти дека намалувањето на цените ќе започне да биде видливо на рафтовите на продавниците кон крајот на седмицава. Овие производи ќе бидат специјално означени, а на етикетата ќе биде наведен и процентот на намалувањето. Целта на Владата е пониските цени да се задржат најмалку до крајот на годината. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рафиња: Сакав да си одам од Барселона, ама Флик ме убеди да останам!

Следно

Нерешеното станбено прашање на Европа

Latest from Blog

Меџити ја пречека в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс

Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир, оствари средба со Никол Варнс, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје. На средбата беа разгледани актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и

Њујорк Тајмс: ТРАМП ГО ПОТЦЕНИ ИРАН, СЕГА ВЛАДАТА НЕ ГО ЗНАЕ ИЗЛЕЗОТ ОД ВОЈНАТА

Трамп ги потцени Иранците. Вашингтон не очекуваше дека нападот врз Иран ќе доведе до сериозно зголемување на цените на нафтата и гасот на светските пазари, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и

Катни гаражи, кружен тек… градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник,
Go toTop