Сунак: Не може со сигурност да се каже дека Русија е одговорна за уништувањето на браната „Нова Каховка“

June 7, 2023
1 min read

Ако е точно, ако се покаже дека е намерно, овој напад би претставувал најголем напад врз цивилната инфраструктура за време на војната, вели британскиот премиер

ФОТО: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Велика Британија сè уште не може да каже дека Русија е одговорна за уништувањето на браната „Нова Каховска“ на југот од Украина, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак за време на посетата на САД.

„Сè уште не можам да кажам дефинитивно дали Русија е одговорна. Британската војска и безбедносните служби сè уште истражуваат. Но, ако е точно, ако се покаже дека е намерно, овој напад би претставувал најголем напад врз цивилната инфраструктура за време на војната“,

изјави Сунак за Би-би-си.

Сунак рече дека Велика Британија ќе продолжи да ѝ дава хуманитарна поддршка на Украина и ќе работи на тоа одговорните за пробивањето на браната да одговараат.

Утре Сунак треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, за да разговараат за одбраната на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЕФА може да ја отстрани Осасуна од Конференциската лига поради местење натпревари во сезоната 2013/14

Следно

Вучиќ: Јасно е дека ќе имаме предвремени парламентарни избори, но преодна влада никако

Latest from Blog

Битолскиот дувачки оркестар останува столб на културната понуда во градот

На тркалезната маса која ја организираше Општина Битола за културните случувања во 2026 година, а кои се дел од годишната Програма за култура, Марјан Бакревски истакна дека Битолскиот дувачки оркестар со континуираната

Божиновска: Рекордни 1,2 милијарди денари приходи од концесии во 2025 година

Во 2025 година е остварена историски највисока наплата од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини, која изнесува 1.223.455.203 денари, што претставува раст од 218 проценти во однос на 2024 година, соопшти

Битола лидер во отчетност и пристап до информации

Во најновото истражување на транспарентноста на локалните самоуправи во Македонија, спроведено според методологијата на Transparency International – Македонија, општините Битола и Аеродром се најдобро оценети по отворен пристап до информации и отчетност

Коњановски со финансиска поддршка за олимпискиот сон на Рустемовски

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека синоќа имаше чест заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски да присуствува на манфестацијата „Спортисти на годината 2025“ на
Go toTop