Судски совет му врати на Лога: Немаме намера да војуваме

November 7, 2023
1 min read

реклама


 Судскиот совет на Република Северна Македонија нема  намера со никого да „војува“, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога, соопштуваат од Советот.

– Ваквата реакција на Судскиот совет, доаѓа по повод вчерашните  настапи на министерот Лога, особено по неговото синоќешното телевизиско интервју за ТВ21, во кое тој изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот совет, наведуваат Советот.

Членовите на Судскиот совет потенцираат дека министерот, кој по функција е член на Советот, секогаш е добродојден на седниците на ова тело, каде може отворено да се дискутира за сите отворени на прашања и проблеми во судството. 

– Впрочем, од страна на службите  на Судскиот совет редовно му се испраќаат материјали за  секоја седница, велат оттаму.

реклама

Од Советот нагласуваат дека ги прифаќаат сите добронамерни критики на своја сметка и на адреса на судството, но, како што наведуваат, не може да дозволи министерот за правда да излегува од своите надлежности и да кажува како треба и што да работи Советот.

– Судскиот совет функционира во согласност со своите законски надлежности и секој обид за директно мешање  во  неговата работа,  ќе се толкува како  „упад“  и притисок  на претставник на извршната  врз судската власт, заклучуваат оттаму.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел објави видеоснимка од наводната принудна депортација на Палестинците од северниот дел на Газа

Следно

Скопје: Меѓународен симпозиум на Медресата „Меддах“ на 100-годишнината од нејзиното основање

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop