Судот во Стразбур им укажа на српските власти дека треба да спречат употреба на звучно оружје

April 30, 2025
1 min read

 Европскиот суд за човекови права и укажа на Владата на Србија дека треба да се спречи каква било употреба на звучни уреди за контрола врз граѓани кои се на собир, објавија белградските медиуми.

Како што беше објавено денеска од Стразбур, Судот на 29 април одлучи делумно да ги прифати барањата на подносителите – да издаде привремена мерка во случајот поврзан со наводната употреба на звучно оружје за контрола на собраните граѓани од страна на властите на демонстрациите на 15 март во Белград и загриженоста дека истото би можело да се користи на идни демонстрации.

Во случајот Ѓоровиќ и други против Србија (апликација бр. 8904/25), подносителите побараа Судот да издаде привремена мерка со која ќе ги обврзе српските власти да спречат употреба на звучни оружја во такви околности; да се спречи гонење на оние што учествуваа на јавната расправа на 15 март 2025 година за употребата на сонично оружје и да се спроведе ефикасна истрага за наводите дека било употребено сонично оружје.

На 29 април 2025 година, судски совет од седум судии издаде привремена мерка. Во врска со барањето на подносителите на барањето Судот укажа дека државата треба да спречи употреба на звучни оружја или слични уреди на идните протести од страна на државата и/или недржавните актери, Судот и посочи на Владата дека, до понатамошно известување, секоја употреба на звучни уреди за контрола на собраните граѓани (освен за комуникациски цели) мора да се спречи во иднина.

Судот изјави дека употребата на такво оружје за контрола на собрани  граѓани е нелегална во Србија и, особено, дека може да предизвика сериозни здравствени последици за голем број луѓе.

Судот нагласи дека одлуката не значи дека зазел каков било став за тоа дали такво оружје било употребено на 15 март 2025 година и дека не го прејудицира исходот од барањето што подносителите можат да го поднесат.

Подносителите на барањето имаат рок од еден месец да поднесат барање во согласност со член 34 од Конвенцијата (право на индивидуална барање).

Барањето го поднесоа 47 српски граѓани на 24 март, со кои се бара од Судот особено да им укаже на српските власти на потребата да се спречи употребата на такви средства против демонстрантите во идните протести.

На 15 март 2025 година, подносителите на барањето учествуваа на протест во Белград. Додека тие одржаа 15-минутно молчење во спомен на оние што загинаа по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, околу 19 часот гласни звуци и воздушни бранови го прекинаа собирот.

Според извештаите, подносителите на барањето доживеале интензивен инстинктивен страв, паника, шок, забрзан срцев ритам, тремор, проблеми со слухот, повраќање, гадење, тахикардија и слични симптоми. Според извештаите, некои претрпеле физички повреди во паниката што настанала. Досега, околу 4.000 луѓе ги пријавиле своите искуства од инцидентот, се вели во соопштението на Судот.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије го поздравува ставот на Трамп кој ја зема предвид чувствителноста на земјата

Следно

СДСМ: Целосна поддршка, СДСМ е со работниците за 1 мај и секој друг ден  

Latest from Blog

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот
Go toTop