Судот во Белград му одреди 30-дневен притвор на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар

May 5, 2023
2 mins read

Обвинителството соопшти дека таткото е обвинет за тешки кривични дела против општата безбедност и изјави дека на рочиштето негирал дека го сторил делото и дека детално ја изнел својата одбрана

Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот.

Притворот му е одреден поради „постоење на посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што за кривичното дело што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години, а начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност на јавноста, која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.

Од Вишото јавно обвинителство во Белград претходно соопштија дека денеска е сослушан таткото на момчето и дека ќе му предложат притвор.

Обвинителството соопшти дека таткото е обвинет за тешки кривични дела против општата безбедност и изјави дека на рочиштето негирал дека го сторил делото и дека детално ја изнел својата одбрана.

„Постои сомневање дека синот го обучувал за ракување со огнено оружје и муниција така што го однел во стрелачки клуб да вежба гаѓање цел со огнено оружје и покрај тоа што детето има 13 години и таквата активност и обука очигледно не се соодветни за неговата животна возраст“,

изјавија од обвинитеството.

Осомничениот, како што се товари, „не обезбедил услови за безбедно сместување и чување оружје и муниција за да не можат да дојдат во сопственост на неовластени лица, односно да се заклучени и посебно одделени во сефови, каси или слични ормари што не можат лесно да се отворат“.

„Се сомнева дека поради ваквите негови дејствија на 3 мај неговиот син успеал да дојде во посед на пиштолите ‘ЦЗ сенка’ и ‘Ругер МК’, за кои таткото има дозволи од надлежен орган, а кои се наоѓале во неправилно обезбеден метален сеф во плакар во холот на станот“,

се вели во соопштението.

Вишото јавно обвинителство соопшти дека детето со себе однело оружје и муниција во училиштето кое го посетува, каде што, како што наведе, испукало поголем број истрели и ги одзело животите на чуварот и осум ученици, а тешко ранил шест ученици и наставник.

„Обвинителството ќе му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград да му одреди притвор на осомничениот за да не влијае врз сведоците, за да не го повтори кривичното дело во краток временски период и поради вознемиреност на јавноста“,

соопшти обвинителството.

Вишото јавно обвинителство потсети дека детето не одговара кривично според важечките прописи бидејќи не наполнило 14 години и дека е сместено на опсервација во соодветна психијатриска установа за деца и младинци.

* Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Галтие: Немам врска со суспензијата на Меси

Следно

Адвокатката на таткото на момчето кое уби деветмина во училиште: Оружјето е чувано согласно законот

Latest from Blog

– Продолжува бунтот на културните работници – не прифаќаат пониска пресметка на плата

Културните работници незадоволни од доскорешниот нивни колега а сега министер за култура и туризам, Зоран Љутков. Голем број на директори по јавните установи од областа култура одбиваат да дадат задолженија за пресметка

Турскиот министер Фидан: Туркискиот свет ќе продолжи да стои покрај кипарските Турци

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес предупреди дека напорите за слабеење на односите меѓу Туркије и туркискиот свет ќе завршат со неуспех, јавува Анадолу. Говорејќи на заедничката

Индија ги повика своите граѓани во Пакистан да се вратат во земјата што е можно побрзо

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Индија денес побара од своите граѓани кои го посетуваат Пакистан да се вратат дома „најбрзо што можат“, по еден ден откако еднострано го суспендира билатералниот пакт за споделување

Министерство за култура : Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

Министерството за култура и туризам денеска соопшти дека исплатата на платите за вработените во институциите од областа на културата во координација со Министерството за финансии е во тек и ќе заврши денеска.
Go toTop