Судирите во Сувејда предизвикаа хуманитарна криза

July 18, 2025
1 min read

СУВЕЈДА (АА) – Цивилите во регионот се вовлечени во хуманитарна криза последните шест дена, поради судирите меѓу вооружените групи Друзи и бедуинските Арапи во јужна Сирија, што започнаа на 13 јули, а во кои беа вклучени и сириските безбедносни сили и Израел, известува Анадолу.

Оштетените далноводи за време на судирите го оставија регионот во голема мера без електрична енергија.

Без електрична енергија, пумпите за вода се надвор од функција, со што населението не е во можност да ја користи водата од бунарите.

Пазарите и пекарниците, кои беа затворени поради судирите, сè уште не се отворени.

Прекинот во производството на леб им оневозможи на луѓето да ги задоволат своите основни потреби за храна, а и брашното не е достапно во регионот.

Здравствените установи во Сувејда не пружаат здравствени услуги поради прекини на електричната енергија и од безбедносни причини.

– Судирите во Сувејда и израелските напади

Мали судири избувнаа меѓу бедуинските арапски племиња и вооружените групи Друзи во покраината Сувејда во Јужна Сирија на 13 јули.

Десетици војници беа убиени во нападите на групите Друзи врз сириските безбедносни сили распоредени во регионот.

По ескалацијата на судирите меѓу безбедносните сили и локалните вооружени групи Друзи, беше постигнат прекин на огнот меѓу страните.

Прекинот на огнот брзо пропадна, а израелската Армија започна напади насочени кон сириските безбедносни сили.

На 16 јули израелските воздухопловни сили ги нападнаа сирискиот Претседателски комплекс, седиштето на Генералштабот и Министерството за одбрана.

Истиот ден во Сувејда беше воспоставен прекин на огнот меѓу Владата и локалните групи, а израелските воени авиони започнаа напади врз Дамаск и Дара.

Се проценува дека во судирите и израелските напади во Сувејда, од каде што се повлекоа безбедносните сили, животот го загубија стотици луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопјанка измамена за 1.300.000 денари, и се јавил „лекар“ од Градска болница

Следно

МЕРМС: 520 милиони денари за шест месеци, двојно поголема наплата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини

Latest from Blog

Силен земјотрес ја погоди границата меѓу САД и Канада

Силен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени ја погоди оддалечената област на границата помеѓу американската држава Алјаска и канадската територија Јукон во неделата. Не е издадено предупредување за цунами, а официјалните лица

Интервју на МИА со кардиохирургот Колев: 30-45 минути пешачење за 50 отсто ви ја намалува опасноста да завршите на кардиохиругија

Во интервјуто со д-р Александар Колев, кардиохирург од Универзитетската клиника во Скопје, разговаравме и за проблемот што ги заплашува многу родители чии деца имаат отвор меѓу двете преткомори на срцето, а и

УЈП: 2.500 казни за неиздавање фискални сметки – 113 фирми со забрана за работа

Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека во следниот период, а во пресрет на новогодишните празници, ќе се спроведуваат засилени и проширени контроли на евидентирањето на готовинскиот промет. Фокусот ќе
Go toTop