Судири за време на протестите: 380.000 луѓе на улиците низ Франција

April 14, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Насилство избувна за време на масовните протести низ Франција вчера против владината реформа на пензискиот систем, јавува Анадолу.

Околу 380.000 луѓе излегоа на улиците низ Франција, од кои 42.000 во Париз, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Генералната конфедерација на трудот соопшти дека повеќе од еден милион луѓе биле на улиците низ француските градови.

Во многу француски градови се одржуваат протести, а вработените во секторите, како образование, транспорт и енергетика, штрајкуваат против реформата, која стана главна тема на разговор на политичката сцена во земјата.

Насилните групи се инфилтрираа на собирот, како и за време на претходните протести. Вандализираат излози и создаваат немири на улиците. Дојде до судири помеѓу тие групи и полицајците, во кои еден маж е повреден.

Полицијата се судри со групите, употребувајќи солзавец и водени топови, додека другата страна фрлаше проектили кон нив. Меѓутоа, фрлен е солзавец и на мирните демонстранти.

Најмалку десет полицајци се повредени во Париз, од кои еден потешко, пишува францускиот дневен весник „Фигаро“.

Контроверзната владина реформа на пензискиот систем вклучува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Од 16 март се одржуваат протести низ Франција, а во повеќе градови има немири и судири помеѓу демонстрантите и полицијата. Повеќе од илјада демонстранти беа приведени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган во Малатија: „Не можеме да ги вратиме мртвите, но одлучни сме да ги надоместиме сите други загуби“

Следно

Музички ѕвезди и велигденски пакетчиња за најмалите – Во понеделник забава кај Школка

Latest from Blog

Израел детонираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,1 ПО РИХТЕР

Во четвртокот вечерта, Израел спроведе операција на ридот Али Тахер, стратешки рид јужно од Набатија. Моќните експлозии испратија ударни бранови низ јужен Либан и предизвикаа земјотрес со магнитуда од 4,1 степен. Според

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која
Go toTop