Судири на промонархистичките групи со полицијата во Непал, 2 загинати, 45 повредени

March 28, 2025
1 min read

Две лица загинаа, а 45 се повредени во промонархистичките протести во Непал, поради што властите воведоа полициски час во неколку делови на Катманду, пренесува Анадолу.

Кумар Ачарја, портпарол на непалската полиција, изјави дека десетици згради и возила се запалени, според „Катманду пост“.

Новинарот Суреш Раџак го загубил животот откако демонстрантите запалиле зграда во Тинкуне. Тој ги снимал протестите кога се случил инцидентот, објави весникот.

Сабин Махарџан (29) е застрелан од полицијата за време на протестите и прогласен за мртов во Универзитетската болница „Трибхуван“, според „Хималајан тајмс“.

Властите употребија солзавец, гумени куршуми и боева муниција за да ја растераат толпата, при што беа повредени десетици демонстранти.

На видеата од протестите кои кружат на социјалните мрежи се гледаат судирите меѓу демонстрантите и полицијата, при што демонстрантите вандализираат згради и палат низ улиците.

Властите воведоа полициски час во подрачјето на Банешвар-Тинкуне во Катманду и околните населби.

Премиерот Шарма Оли денес свика итен состанок на Кабинетот поради протестите, според „Катманду пост“.

Повеќевековната монархија беше укината во 2008 година, две години откако тогашниот крал Ѓанендра беше принуден да го напушти своето авторитарно владеење и да воведе демократија по повеќенеделните улични протести во 2006 година.

Оттогаш, Ѓанендра живее како граѓанин без никаква државна моќ или заштита. Тој сѐ уште има одредена поддршка меѓу народот, но мали се шансите да се врати на власт.

Хималајската држава беше прогласена за секуларна во 2007 година со привремен устав.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова на средба со делегација на Сојузната здружена команда на НАТО во Неапол: Продолжена соработка и заеднички ангажман за безбедноста на Балканот

Следно

Утре започнува ЕЛИТНИОТ ТЕКВОНДО ТУРНИР во Скопје

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop