Судиите Ала и Ристова се новите членови на Судскиот совет

December 11, 2024
1 min read

Судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд во Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд во Штип се новите членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, објави претседателот на Комисијата за избор на членови на Судскиот совет, Субхи Јакупи,

„Судијата Аритон Ала беше единствениот кандидат за член на Судскиот совет од посебната листа на кандидати и освои 253 гласа од вкупно 295 судии кои го оствариле своето право на глас. Вкупниот број на гласачи бил 354, а бројот на неважечки ливчиња изнесувал 42. Со ова, Ала е избран за член на Судскиот совет од редот на судиите. Во вториот избор за член од апелациското подрачје Штип, се натпреваруваа пет кандидати. Од 40 запишани судии во оваа изборна единица, 39 го оствариле своето право на глас, а само едно ливче било неупотребено. Судијата Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип добила најмногу гласови – 27, што ја направило победник во оваа категорија“, рече Јакупи.

По објавувањето на резултатите, секој кандидат има право да поднесе приговор во рок од пет часа. Ако нема приговори, по 12 часа резултатите ќе бидат прогласени за конечни.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште еден палестински новинар убиен во израелски напад врз Газа, билансот достигна 193

Следно

Читачка промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop