Судан се соочува со криза со глад од историски размери, алармираат хуманитарните организации

September 3, 2024
1 min read

Агенциите за пружање помош денеска предупредија дека Судан се соочува со вонредна состојба со глад среде граѓанска војна, но меѓународната заедница воопшто не реагира на ситауцијата.

„Не можеме да бидеме појасни – Судан доживува криза со глад од историски размери. Молкот е заглушувачки“, се наведува во соопштението на Норвешкиот совет за бегалци и другите партнери.

Дали Судан го преживува тоа што експертите го опишуваат како глад е сложено прашање, но хуманитарните агенции веруваат дека светот не може да чека на официјална потврда пред да почне со дополнителна помош.

„Луѓето умираат од глад секој ден, а фокусот останува на семантичките дискусии и правните дефиниции“, се додава во соопштението.

Критериумите за прогласување криза со глад подразбираат дека четири од 10.000 деца умираат од глад секој ден или дека повеќе од 30 отсто од населението е неухрането. Ова е тешко да се одреди во конфликтни ситуации како Судан, каде што работата на хуманитарните организации е тешка и каде што не може да се допре до сите луѓе.

Раскараните ривалски генерали од април 2023 година се впуштија во брутална борба за власт во Судан. Во крвавите борби се раселени над 10 милиони луѓе и убиени се илјадници.

Производството на храна е сериозно погодено. Многу полиња се уништени, минирани или земјоделците се избркани, а добитокот е убиен. 

Според хуманитарните агенции, повеќе од 25 милиони луѓе, што е повеќе од половина од населението, немаат доволно храна.

Многу семејства јадат лисја и инсекти и имаат само еден оброк дневно, наведува Норвешкиот совет за бегалци. 

Апелите за донации достигнаа само половина од потребното.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија не биле на дневен ред на денешната владина седница

Следно

За една седмица: Грчката полиција примила речиси 900 повици за семејно насилство

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop