Студентите во блокада со најостра осуда на секое насилство: Целта на денешниот протест не е упад во ниту една институција

March 15, 2025
1 min read

Студентите во блокадата денеска порачаа дека најостро го осудуваат секој облик на насилство и дека целта на денешниот протест не е да се упадне во ниту една институција, ниту да се нападнат неистомислениците. 

Студентите посочија дека нема да дозволат нивните протести да бидат обележани со инциденти, „туку исклучиво со нашата определба и заедничка визија за подобро општество“.

„Овој протест е израз на нашата борба за правда, солидарност и иднина што заедно ја градиме. Затоа е важно сите да ги почитуваме основните принципи кои не водат од самиот почеток. Најостро ја осудуваме секоја форма на насилство! Од првиот ден се бориме против репресијата и неправдата, кои очигледно се спроведуваа преку овој систем. Не сакаме ничии постапки да го загрозат она што го постигнавме досега. Три месеци ја градевме оваа борба со солидарност, љубов, дарежливост и труд. Да не го доведуваме во прашање со непромислени потези“, порачаа студентите во блокадата во објава на Твитер.

Тие истакнаа дека нивната сила е „во идеите, заедништвото и истрајноста“.

„Не сакаме да дозволиме ниту еден чин да го одвлече вниманието од суштината на нашата борба и да го доведе во прашање сето она за кое се залагаме. Ова движење не смее да се злоупотребува“, нагласија студентите.

Тие додадоа дека мора да останат достоинствени „и да покажат дека сме одговорни, дека ја разбираме тежината на моментот и дека сме свесни за последиците од нашите постапки“.

„Исто така, ние сме апсолутно против секаков вид вандализам. Не сакаме по нас да ги ставаме работниците во тешка положба да чистат и поправаат. Нашата борба не е борба за уништување, туку борба за создавање. Нема да дозволиме нашите протести да бидат обележани со инциденти, туку исклучиво со нашата одлучност и заедничка визија за подобро општество. Затоа ве покануваме сите – да бидеме единствени, да бидеме одговорни“, порачаа студентите.

 

Тие ги повикаа сите да се водат од разумот, емпатијата и заедништвото.

„Се бориме за промени кои ќе донесат подобро утре, но можеме да ги постигнеме само ако се држиме до нашите принципи и ако покажеме сила на достоинство и солидарност. Да чекориме заедно, гласно и одлучно, но мирно и одговорно. Ова е нашата борба, ова е нашата иднина и заедно ја градиме“, порачаа студентите во блокадата.

За денеска во 16 часот е закажан голем протест на студенти, земјоделци, граѓани пред Народното собрание во Белград.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасени се лицата чијшто чамец се преврте во Мавровско Езеро

Следно

Спасени двете лица од Мавровско езеро

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop